Електричниот Audi A6 дебитираше во Шангај. Audi го претстави концептот A6 e-tron, како вовед во сериската верзија што доаѓа во 2022 година.

 

ФОТО: B92.net

Германскиот производител во 2021 година започна ударнички кога станува збор за новите електрични модели.

Најпрво во февруари се појави e-tron GT, по што следеа Q4 e-tron и Q4 Sportback e-tron во средината на април.

Ауди не застанува тука, па концептот А6 е-трон беше претставен во салонот во Шангај на почетокот на оваа недела. Модел, кој ги дели димензиите со „традиционалниот“ А6, но има целосно нов дизајн и систем за електричен погон.

Концептот „Ауди А6 е-трон“ најавува идна производна верзија како прв производствен модел на компанијата базиран на механичката платформа ППЕ (Премиум платформа електрик), која ќе се најде во продажба во 2022 година.

Истата платформа подоцна ќе биде основа и за електричните џипови Q5 e-tron и Q6 e-tron. Платформа која беше заеднички развиена со Porsche што подоцна ќе се користи за новата генерација модели на Macan.

Германскиот производител се пофали со исклучително низок коефициент на отпорност на воздухот, од 0,22, што е подобро и од „Ауди е-трон ГТ“ (0,24).

Иако е стандарден седан „Ауди А6“, „А6 е-трон“ има силуета која повеќе потсетува на купе-седан.

Концептот е опремен со батерија од 100 kW. Од „Ауди“ велат дека се потребни само 10 минути за да се наполни батеријата на брз полнач за да може автомобилот да помине дополнителни 300 км. Додека за 25 минути се полни од пет до 80 отсто од максималниот капацитет.

Автономијата на возење, барем на хартија, е над 700 км.

Концептот A6 e-tron се напојува со двоелектрична конфигурација со комбинирана моќност од 476 КС (350 kW) и максимален вртежен момент од 800 Nm.

Погонот е на сите четири тркала, но „Ауди“ наведува дека основната верзија на серискиот модел ќе има еден мотор кој ќе работи само со една оска. Оваа верзија ќе има забрзување од 0-100 км на час за околу седум секунди. Додека опцијата со два електромотори ќе достигне 100 км за помалку од четири секунди.

ФОТО: B92.net

Leave a Comment

You must be logged in to post a comment.