Еuromoney ја прогласи Комерцијална за најдобра банка во државата. Комерцијална банка е добитник на уште една престижна награда – „Најдобра банка во Северна Македонија“ во 2021 година, која ја доделува магазинот Еuromoney.

Оваа награда е признание за извонредност на Банката, која со стабилност, одговорност и импресивни резултати се носи со Covid-19 кризата и излегува во пресрет на потребите на клиентите, соопштија од банката.

 

Еuromoney ја прогласи Комерцијална за најдобра банка во државата

„Врз основа на повеќе критериуми и остварените резултати по тој основ, врвни новинари и дописници на Еuromoney ја издвоија Комерцијална банка пред конкуренцијата и ја прогласија за најдобра во земјава. Kритериумите за доделување на наградите вклучуваат профитабилност, видлив раст, иновативност, нови услуги, остварување на релативно подобри перформанси во однос на конкурентите и можност за прилагодување кон променливите услови на пазарот и потребите на клиентите, “ објави Комерцијална банка.

Наградите за извонредност се доделуваат од 1992 година и се сметаат за престижна програма за награди во глобалната банкарска индустрија. Почетоците на магазинот Euromoney датираат од 1969 година. Тие се поврзани со потребата од покривање на повторното појавување на меѓународните прекугранични пазари на капитал, кои се претходница на денешните глобални пазари на капитал. Овој магазин е меѓу најпрестижните списанија во финансискиот свет.

Во 2020 година, Комерцијална банка беше прогласена и за „Банка на годината“ од страна на магазинот The Banker. Со последното признание уште повеќе се потврдуваат силните перформанси и цврстината на капиталот на Банката.

Leave a Comment

You must be logged in to post a comment.