За учениците од економските училишта изборен наставен предмет за финансиска писменост

Воведувањето на наставниот предмет за Принципите на функционирање на пазарот на капитал, којшто ќе се изучува во формалното образование е    најубав начин да го „Заѕвониме берзанското ѕвоно за финансиска писменост“, рече Нора Алити, претседателката на Комисијата за хартии од вредност на денешната конференција по повод Светската недела на инвеститорот.

„Да заѕвониме за финансиска писменост“ е иницијативата на Светската федерација на берзи, на која меѓу 87 берзи годинава учествува и Македонска берза АД Скопје .

Со најавата за воведување изборен предмет за финансиска писменост во средните економски училишта, Македонија се приклучи на иницијатива на кампањата „Светската недела на инвеститорот“, во организација на Меѓународната организација на комисиите за хартии од вредност

Воведувањето на изборниот предмет на иницијатива на две институции, да се воспостави нов начин на едукација на учениците во економските училишта,е прва соработка од ваков вид вели Министерката за образование.

-Комисија за хартии од вредност и Македонска берза понудија поддршка за реализација на тој процес заедно со Министерството за образование. Со тоа покажаа високо ниво на општествена одговорност.

На овој начин КХВ воспостави еден теоретски изборен предмет во училиштата со кој што ќе добијат финансиска писменост учениците. А, од друга страна, учениците на виртуелната берза на Македонкиот пазар за хартии од вредност директно и практично ќе можат да го применат своето знаење. “Вака го искажа своето задоволство од соработката Министерката за образование, на конференцијата за унапредување на финансиската едукација на учениците од средните стручни училишта.

Според неа на овој начин се подига нивото на квалитет во економските средни училишта. А тоа е значаен процес за натамошна соработка  со сите чинители на општеството за да се подобри образованито со цел учениците да се стекнат со потребните вештини уште во училиште.

Конечно, учениците ќе учат за берзанско тргување

Претседателката на КХВ  Нора Алити рече дека е горда што ја одбележуваме „Светската недела на инвеститорот“ со исполнување на нивната долгогодишна заложба да се воведе изборен наставен предмет за Принципот на функционирање на пазарот на капитал.

За учениците од економските училишта изборен наставен предмет за финансиска писменост

– Последниве години Комисијата за хартии од вредност интензивно работи на финансиска едукација преку различни проекти како самостојно така и преку координациското тело за финанска едукација и инклузија. Но особено сум горда на тоа што нашите долгогодишни заложби, иницијативата за воведување  изборен предмет во средните стручни училишта ја доби поддршката од Министерството  за образование и Македонска берза која ја стави на располагање платформата за Виртуелна берза.

Воведувањето на наставниот предмет за Принципите на функционирање на пазарот на капитал, кајшто ќе се изучува во формалното образование е    најубав начин да го заѕвониме берзанското ѕвоно за финансиска писменост.

Не верувам дека би дозволиле да седне во автомобил човек без едукација , обука и положен возачки испит. Затоа и за нас од аспект на регулатор на финансискиот пазар  воведувањето на предметот претставува еден вид своевидна возачка дозвола за сите наши млади, кои утре би влегле во тој сложен финансиски свет. Во секојдневие каде би имале на располагање различни финнсиски продукти, каде ќе имаат можности и пристап до инвестирање во различни финансиски инструменти кои се сложени, ризични и спекулативни. Од овој аспект како регулатори и супер визор на целокупното работење на пазарот на хартии од вредност и сите чинители ќе продолжиме да даваме подеднаква важност на нашата едукативна функција.“ Вака Алити ги поздрави и охрабри учениците од средното економско училиште „Арсение Јовков“ во Скопје, кои накратко го презентираа своето искуства од учеството на виртуелната берза.

Едуакцијата на инвеститорите  во центарот на нивниот бизнис

Извршниот директор на Македонска Берза , Иван Штериев, истакна дека финансиската писменост зема се поголем замав во реалниот свет.

„Повеќе од јасно е дека економските и финансиските навики на луѓето директно го определуваат нивниот животен стандард и квалитет на живеење. Отука произлегува и консензусот дека сите општествени чинители  мора да ги зголемат напорите да извадат повеќе ресурси за подобрување на финансиската едукација и писменост. Сепак општествените приоритети се често фокусирани на други области, а активностите за финансиска едукација на населението не се систематски и континуирани. “

Штериев образложи дека истражувањата во светот покажуваат дека постојат и  емоционални и рационални пречки за подобро учество на пошироката јавност на пазарот на капитал.

-Најнагласена емоционална бариера е чувството на страв и неизвесност, а најдоминантна рационална пречка е перцепцијата дека е потребно определено елементарно знаење како минимален предуслов за било каква инвестиција на берза.

Паралелно со ваквата реалност сведоци сме на тренд на демократизација на финансиите и перманентното зголемување на директното учество на населението на пазарите без посредници,“ рече Штериев.

Според него, последователно финансиската писменост за берзите станува се побитна по основ на поголемото учество на физичките деца во тргувањето со ХВ и сите импликации кои произлегуваат од тоа.

За берзата ова значи ставање на едуакцијата на инвеститорите  во центарот на нивниот бизнис модел како основа за поголем интегритет на пазарот

„Живееме во свет на т.н millennials но тие стануваат возрасни, а со тоа и повлијателни и посамоуверени. Интернет алатките за нивно влијание и меѓусебе и во пошироката заедница  се социјалните мрежи и бројните твитови  блогови и форуми. Згора на тоа доаѓаат оn-line платформите за тргување како Robinhood или инфлуенсерските канали како Wall Street Best на Reddit.

Кај нас во Македонија свесни сме дека нивото на финансиска писменост не е на потребното ниво. На нашите ученици и студентии, а и на поголемиот дел  од возрасните основните принципи и поими за штедење на инвестициите, управувањето со личните финансии и здравите финансиски навики не им се многу позната територија.

Овие состојби секако треба да се менуваат, упорно и трпеливо, “ вели Штериев.

И додава: „Оттука навистина сме многу среќни што финансиската едукација кај нас сега е институционално препознаена и што наскоро ќе бидеме една од ретките земји во регионот што на нашите ученици во средните економско- правни училишта ќе им дадеме шанса навреме да влезат  во ова комплексна проблематика.

Изборен наставен предмет, што се вклопи  иделано по долгогодишните заложби на Берзата за зголемување на општата финансика писменост и се создаде многу позитивна симбиоза  меѓу трите институции: Министерството за образовнаие , КХВ и МБ.

Многу сме задоволни што во практичниот дел од наставниот предмет се планира да се користи целосно реализираната платформа за виртуелна берза, која е интернет игра на знаење на македоснка берза преку која учесниците стекнуваат првично искуство со вложувањето и тргувањето со ХВ , но добиваат и поттик да започнат со самостојно подетално истражување во светот на ХВ,“ заклучи главниот извршен директор на Македонска берза.

-Во името на учениците од „Арсениј Јовков“, учесници во пилот проектот Училишна берза,  би сакала да се заблагодарам на Македонска берза што ни овозможија реализација на проектот. Учеството во овој проект беше прекрасно и незаборавно искуство. Ги надополни нашите знаења за хартиите од вредност, но научивме и нешто ново за пазарот на капитал, виртуелно тргуваме со хартии од вредност во реално време и по реални цени. Ова за мене беше навистина интересно, поучно искуство кое сакам да се повтори, затоа продолжив со виртуелно тргување преку платформата Виртуелна берза. Ги повикувам сите наши врсници да ја посетат оваа платформа и да се обидат да ги прошират своите знаења од оваа област “ изјави ученичката Тијана Мировска која беше дел од групата ученици од СЕПУГС „Арсени Јовков“ кои доброволно учествуваа во пилот проектот за редизајн на платформата Виртуелна берза.

М.Б

Leave a Comment

You must be logged in to post a comment.