„Играј одговорно“ – обложување за забава, не за егзистенција. Асоцијацијата на спортски обложувалници на Македонија, од неодамна ја започна кампањата „Играј одговорно“. Целта е да се подигне свеста кај играчите за одговорно спортско обложување. Но, и да се посочи дека обложувањето е забава и игра, а не начин на живот од кој треба да се очекува постојана заработка и егзистенција. Претседателот на АСОМ, Влатко Илијевски вели дека фразата „Играј одговорно“ е избрана како термин за комуникација која и самите играчи ја користат.

„Играј одговорно“ – обложување за забава, не за егзистенција

„Во спортски жаргон, свирчето означува симболика која покажува дека се има почеток и крај. Од таа причина, се одлучивме да ја покренеме кампањата за одговорно обложување. Тоа е светска пракса. Обложувањето треба да биде забава, дружење, поминување на дел од слободното време, следење на својот омилен фуднбалски клуб, репрезентација, бодрење“, вели Илијевски.

Рамка-максимална можна добивка

Истражувањето на Асоцијацијата на спортски обложувалници на Македонија, спроведено во 2019-та година, на примерок од над 1.000 испитаници покажува дека Македонците играат разумно на спортска. Односно, 75 отсто од играчите вложуваат максимум до 200 денари. Околу 79 отсто пак, играат за забава и дружење. Додека 74 проценти од оние што се обложуваат активно следат спорт.

„Големиот дел ги почитуваат правилата, но добро е секогаш да се потетиме и како треба да се пристапува“, смета Илијевски.

Во однос на уплатата од страна на играчите и исплатата од страна на обложувалниците, пракасата покажува дека се сведува на голем број мали уплати и исплати. Има и големи милионски исплати неколку пати годишно, но, тие се многу ретки. Голем дел од обложувалниците имаат поставено максимална можна добивка која би ја исплатиле доколку тикетот е добитен.

Пораки на кампањата „Играј одговорно“

Обложувајте се со пари кои можете да си дозволите да ги изгубите. Пари наменети за забава, кино, пијалок со пријатели, а издвоени од буџетот за основни животни потреби.

Не се обидувајте да ја надоместите загубата (тоа вообичаено доведува до поголеми загуби)

Поставете си граница за пари – колку пари може да се дозволите да изгубите

Поставете временски рок – колку време може да поминете во обложување

Не се обложвајте кога сте депресивни или вознемирени – тогаш не се носат паметни одлуки

Направете баланс меѓу обложувањето и другите активности – да не одзема преголем дел од вашиот живот

Обложувањето и алкохолот се лоша комбинација – може да донесете одлуки за кои ќе зажалите

Со ваквиот тип на кампањи, се едуцираат и вработените и играчите од неопходноста за почитување на законите и правилата. Исто така и за одговорно обложување и подигање на свеста за можните негативни влијанија и последици од игрите на среќа. Актуелната кампања се спроведува во спортските обложувалници членки на АСОМ, преку едикативни материјали.

Асоцијацијата на спортски обложувалници на Македонија е основана во 2013 година. Таа се грижи за вработените, играчите и работи на подобри законски регулативи и општествената одговорност, како основа на нејзината деловна стратегија.

На годишно ниво, од обложувалниците влегуваат 253 милиони евра во државниот буџет. Во овој сектор работат околу 8.000 работници и има околу 54.000 индиректни вработувања. Членки на АСОМ се спортските обложувалници „Моцарт“, „Спорт лајф“, „Златна копачка“, „Евротип“ и „Марбет“.

Leave a Comment

You must be logged in to post a comment.