Научникот Петар Поповски е професор на Унивезитетот во Алборг, Данска и визинг позиција во Германија како професор за сателитски комуникации на Универзитетот во Бремен. Како експерт во областа, Поповски ја објаснува  еволуцијата на комуникациските технологии и нивниот ефект врз образованието. Според него, 5Г мрежата е технологија за мобилни и има конкурентност на WIFI идејата за се’присутна конективност со бежични комуникации. Но, како се’ започна?

На почеток, се појави 1Г во 80-тите години на минатиот век. Со воведвувањето на нов интерфејс „дигитален повик да се направи насекаде“ дојде и 2Г мрежата. На почетокот на новиот милениум се појави и 3Г мрежата. Во 2010 година, на сцена стапи 4Г мрежата и брзиот интернет насекаде. Очекуван „херој“ во вакви услови се социјалните медиуми. Сите овие системи досега еволуираа во еден комплексен еко систем со различни типови на конекции – меѓу луѓе, автомобили, дронови, меѓу сателити и слично. Односно, во 5Г мрежата.

„Оваа комплексност за да биде поддржана преку еден систем, беше отидено во насока да се формира 5Г како флексибилен систем кој ќе поддржи разни типови на конективност. Едниот е Enhanced Mobile Broadbend кој ќе нуди големи брзини, за да може да се следат сите тие широкопјасни слики и видеа, потребно е ваков Broadbend. За да се интерактира со нив потребно е многу надежна комуникација со мало доцнење. Третиот тип што ги поврзува сите сензори, сите физички објекти. Најголемата иновација на 5Г е што направи платформа за да ги поддржи сите овие услуги“, објаснува Поповски.

Според него, една од главните работи што ќе го видиме од 5Г е доцнење или латенција.

„Откако ќе добиеме линкови со ниска латенција и висока надежност, што може да правиме со нив? Можебе да имаме далечинско контролирање на роботи, наместо личност робот кој асистира на постара личност во дом. Наместо да имаме една медицинска сестра која ќе помага, може да имаме една личност која ќе помага преку повеќе роботи. Односно, се мултиплицираат можностите на луѓето. Дигиталното време се преплетува со физичкото, нов поглед на симултаност, присуство и каузалност. Сето тоа прави да промениме што значи тоа, сега и тука. Она што е основа на традиционалното образование на сега и тука, сега оди преку време и простор на многу поголеми територии“, вели Поповски. 

Со 6Г мрежата, пак, сите овие работи ќе овозможат да се формира метаверзум. Тоа е комуникација, локализација, насетување и и ќе се поврзе преку интелигенција и учење. Примерите што ги наведува се иднина со холографска комуникација, односно виртуелна реалност. За тоа да се случи, мора врските од дома и работа да бидат стабилни. Наведува дека операторите може да создадат премиум услуга, која ќе се вика „Икс од дома“ или пак „Учење од дома“.

„Има хибридна можност тука, ако има одлични курсеви, не може да им даде фидбек на 200 000 луѓе што го посетуваат курсот. Тука може да се направи друга структура, каде ќе се држат вежби, а главниот материјал ќе биде проектиран преку дифузија на тие лекции,  односно „изгледајте ги тие лекции и ќе дискутираме на вежби“. Едноставно, има можност за нешто што немало порано. Сега имаме поголем проблем со бирање на информација, отколку нејзино трансмисирање“, смета Поповски. 

Сепак, според него, секоја технологија има добри и лоши страни. Генерално, посочува на проблемите кои можат да се појават со приватноста на луѓето.

„Се појавува генерален проблем на приватност. Ќе имаме мерење на здравствени параментри преку часовници, ќе имаме проблем со технологијата за да нема злоупотреба на податоците. Приватноста во 6Г ќе биде подраматична, ќе има поголем проблем со приватноста. Човек нема да мора да се идентификува по лик и глас. Ќе може и по начинот на кој чекори, начинот на пишување. И да има приватност, сепак, ќе има други методи како да се детектира кој е тој човек. Во образованието, пак, ќе има многу повеќе знаци кои ќе препознаат што некој правел во тек на семестарот и целокупната едукација и на крај ќе добие посеопфатна оцена“, нагласува Поповски, истакнувајќи ги и позитивните и негативните моменти од 6Г технологијата. 

Leave a Comment

You must be logged in to post a comment.