Кина сака да изгради подводна железничка линија од 8.000 милји до САД.

Кина во моментов има една од најекспанзивните и најимпресивните брзи железнички мрежи на Земјата. Меѓутоа тиенемаат намера да застанат тука. Бидејќи нивната брза железничка  мрежа достигнува до крајните делови на нивната нација, Пекинг  го врти погледот кон она што се наоѓа подалеку – многу далеку.

Кина сака да изгради подводна железничка линија од 8.000 милји до САД

Според најновите извештаи, Кина сака да изгради пруга за брз воз во должина од 13.000 километри со цел да  ја поврзе земјата со САД. Тие 8.078 милји ќе минуваат низ континентална Кина, преку Сибир во Источна Русија, под морето низ Беринговиот теснец, Алјаска, преку карпестите врвови на Канадскиот Јукон и Британска Колумбија се до САД. Откако ќе бидат конструирани железничките пруги според овој проект, Кинезите можат дополнително да го прошират својот меѓународен брз воз во секој агол на САД.

И сега се поставува главното прашање. Колкава е цената на ваквиот необичен предлог?  Според првиќните пресметки тоа е 200 милијарди долари.

Плановите за овој проект се појавиле  уште во 2014 година, кога повеќе новинарски  кинески куќи и Белгиски тајмс го пренеле извештајот во кој биле наведени плановите за изградба на супер брза железница- линија „Кина-Русија-Канада-Америка“. Идејата била да се протега низ сите четири нации, поврзувајќи ги заедно за трговија, туризам и економски подем.

Во тоа време, инженерите од Кина тврдеа дека веќе разговараат со колеги од Русија за започнување на линијата, за што беа многу сигурни дека е можно со современата технологија.

И колку тоа звучи футуристички, далекувизниот предлог сепак може да биде совршено изводлив.

Во 2018 година, Кина ја одобри изградбата на првата  супербрза подводна железница, која се протега на национално ниво од Нингбо, пристанишен град близу Шангај, до Жушан, архипелаг на крај на источниот брег. Покривајќи дел од скоро комплетно новоизградената железница од 77 километри (новата должина од 47,8 милји). Новата траса вклучи подводна делница од 16,2 километри. На трасата ќе вози  т.н. Маглев воз, левитирајќи над магнетната патека бидејќи се придвижува со голема брзина, а изградбата е во тек за амбициозниот проект.

Додека малку се знае за напредокот на линијата Кина-Русија-Канада-Америка, некои претпоставуваат дека линијата Нингбо-Жушан би можела да биде пробна изведба за далеку поголемиот проект.

Железничкиот сообраќај во САД заостанува

Што се однесува до САД? Можеби ќе заостанат малку подалеку. Во 2020 година, Владата на САД одобри огромна железничка линија од 2.570 километри (1.597 милји) што ги поврзува САД и Канада, од Алјаска до Алберта. Пресметката покажала дека за неа се потребни  22 милијарди долари. Таа линија претставува голем скок за железничката мрежа во САД, која до сега заостануваше зад другите нации.  Кога станува збор за иновациите во железницата, Кина со ширењето на мрежата за брзи возови  ги остава зад себе и јапонската мрежа и други нации кои се обидуваат на ова поле, а особено САД.

За жал, колку и да е импресивна линијата Кина-Русија-Канада-Америка, се чини дека засега е ставена во мирување. Критичарите остро го критикуваат предлогот за економски излишен извор, наведувајќи дека летовите и товарните бродови се поевтина опција за трговија. Без разлика дали се во право или не, тензиите меѓу светските суперсили значат дека таквата соработка – која би била најскапиот мегапроект во светската историја – би можела да биде нешто повеќе од сон.

Leave a Comment

You must be logged in to post a comment.