Креативно лидерство: предизвик или иднина?- една поинаква интерактивна работилница во организација на ПАВ „Анторис“ Скопје.  За прв пат покрај теориите за лидерство ќе имате практична можност како во една организациона единка во соработката со соодветниот кадар, преку нивните иновативни идеи  креативноста да ја насочите во функција на компанијата.

Како да се примени кретивноста во лидерството

Растот на технологијата го реформираше општеството во изминатите децении. Овој ново меѓусебно поврзан и симбиотски свет доведе до нови општествени и глобални предизвици со кои лидерите мора да се соочат со употреба на смели и креативни решенија.
Креативноста отсекогаш била во срцето на бизнисот, но до сега не била на врвот на агендата за управување.
Да се ​​земе група индивидуи, со свои уникатни комплети на вештини, нивоа на способности, идеи и мотивации, и да се привлечат сите заедно за ефикасно управување и реализација на проект, секогаш е предизвик. Овој предизвик ќе бара креативност, разбирање и компромис во најмала рака.

 

Агенда на работилницата:

-Што е креативно лидерство
-Основни правила на креативното лидерство
-Улогата на креативноста во лидерството и во бизнисот
-Креативни лидерски вештини
-Вежби

Времетраење: три часа
Реализатор на работилницата – ПАВ Анторис Скопје
Цена: 4.059 денари
За рани и целосни уплати до 20.06.2021 цена со попуст: 3.690 денари

Пријавување на https://bit.ly/3xluvEH

Пријавувањето е задолжително.
Работилницата ќе се одржи во просториите на Анторис според протоколите одредени од Влада на Р.С.Македонија.

Предавач: Цветанка Бурзевска, дипл.психолог, тренер по Арт Терапија со 10 годишно искуство во областа на човечките ресурси.

Leave a Comment

You must be logged in to post a comment.