ПРЕБАРАЈ ФИРМА
Filters
Пребарување
ЛАНД-СЕРВИС ДООЕЛ Скопје
ЛАНД-СЕРВИС ДООЕЛ Скопје

За нас

ДООЕЛ ЛАНД - СЕРВИС е компанија предводник во поставување на стандарди за услугите од областа на професионално чистење, одржување на хигиена и дезинфекција. Првенствено создадена да ги покрие зголемените потреби на пазарот, како и да воведе иновации и конкурентност во оваа дејност, со единствена цел подобрување на квалитетот на услугите и зголемување на задоволството на клиентите.

Основана е во 2006 год од Г-дин Нектариос Николаидис. Основна дејност на ЛАНД - СЕРВИС е давање на усуги од областа на професионално чистење и дезинфекција и тековно одржување на хигиена.

Во моментот Ланд - Сервис, вработува 280 лица (обучени и оспособени кадри) и услугите ги нуди и извршува целосно, навремено и квалитетно со мрежна распространетост/покриеност на територија на цела Македонија. Услугите ги врши со свој работен обучен кадар или со превземање на персонал.

Со основните оперативни принципи на директен надзор на квалитетот ,постојаната свесност и стремеж за нови технички и технолошки достигнувања,редовни обуки на вработените во кои се интегрирани ISO 2001:2008 (стандард за квалитет ), ISO 14001:2004 (стандард за заштита на животната средина) и OHSAS 18001:2007 (стандард за заштита и безбедност при работа), како и блиската комуникација со клиентите со цел осознавање на потребите, задоволување и надминување на очекувањата, ЛАНД - СЕРВИС цврсто чекори по патот на зголемување и воспоставување на успешни и долгорочни соработки како во приватниот така и во јавниот сектор.

Врвните, водечки во квалитет и современа технологија, машини и опрема од препознатливиот американски бренд TENNANT, наш партнер, за чии што производи на територијата на Македонија и Косово Ланд - Сервис е ексклузивен застапник и дистрибутер, како и специјализираните детергенти за чистење и средства за дезинфекција со кои Ланд - Сервис ги извршува услугите комбинираат технологија со одлични перформанси за чистење на секаков вид хоризонтални и вертикални достапни и недостапни површини, со економичност и почит кон животната средина.

Ланд - Сервис ДООЕЛ е ексклузивен застапник и дистрибутер на средствата со двојна формула за чистење и дезинфекција од препознатливиот француски бренд ANIOS laboratoires, кој има посветено повеке од 1 век во борба со микроби.

ХИГИЕНАТА Е ПОЛОВИНА ЗДРАВЈЕ, НАШАТА ПОСВЕТЕНОСТ Е ВАША БЕЗБЕДНОСТ.

ЛАНД - СЕРВИС – СИНОНИМ ЗА БЕСПРЕКОРНА ХИГИЕНА.

Запознај го работодавачот

ЛАНД - СЕРВИС ДООЕЛ е основана 2006 година од Г-дин Нектариос Николаидис. Основна дејност е давање на услуги од областа на чистење, одржување на хигиена и дезинфекција.

Историјата на бизнисот со основна услужна дејност од областа на хигиената, основачот, г-дин Нектариос Николаидис ја пишува од 1995 година, првенствено започнувајки да работи на територија на Р. Грција. По долгогодишно успешно работење и искуство, потврдено низ многубројните сертификати, признанија и пофалници,мегу кои и сертификат ISO/ IEK 17024 (лидер во профисионалното чистење), опслужување на многубројни комплексни објекти, како што е комплексот Porto Carras – Халкидики за време на Европскиот Самит 2003 (којшто ангажман резултира со писмо за препорака) и други, Ланд - Сервис прераснува во интернационална компанија и отпочнува со работа на територија на Р. Бугарија и Р. Македонија.

Историјата на Ланд - Сервис со седиште во Скопје започнува да се испишува во 2006 година,година во која основачот на ДООЕЛ Ланд - Сервис Г-дин Нектариос Николаидис создава семејство во Р. Македонија и носи одлука да живее и работи на нејзина територија, соогледувајки ја поволната бизнис клима и зголемените потреби на пазарот во оваа дејност, со цел пренесување на долгогодишното искуство, зголемување на квалитетот на услугите и внесување на новитети во работата.

Од основањето во 2006 година па се до денес, ДООЕЛ Ланд - Сервис бележи бројни успешни соработки и подем во работата.Индикација за квалитетот на услугите што ги нуди е континуираното зголемување на обемот на работа како и одржувањето на долгорочни договори со клиентите - корисници на услугите, кои во најголем дел се обновуваат откако ке се сретнеме со голем успех и ефективност како одговор на очекувањата и барањата.


Контакт

ЛАНД-СЕРВИС ДООЕЛ Скопје
Мишко Михајловски 14а, 1000, Скопје, Македонија
Град: Скопје
Вработени:
Даночен број:
Матичен број:
Телефон: +389 2 255 01 57
Мобилен: +389 78 338-326
Веб адреса: http://www.landservis.com.mk/ 
*Корисникот што не контактира е согласен со правните информации.

Социјални профили на ЛАНД-СЕРВИС ДООЕЛ Скопје