Иновацискиот кампус на „Макпрогрес“ , по една декада, од идеја стана реалност. Во 2019-та година, компанијата која е една од водечките производители на кондиторски производи во Југоисточна Европа, одлучи да инвестира во нов развоен центар. Тука, ќе се развиваат нови производи и решенија, во синергија со вработените, бизнис партнерите, добавувачите, новите академии и младите. Изградбата на кампусот траеше 18 месеци, на кој работеа 30-тина домашни компании. Главен архитект на ентериерот и екстериерот е Владимир Јованов. Вчера, тој и официјално се отвори.

 


„Новиот начин на дејствување, подразбира креирање соработка која ќе ги движи иновациите побрзо. Кампусот ќе го охрабри иновацискиот дух и култура. Вработените ќе се инспирираат и ќе ја поддржуваат индустријата да одржи ланец на вредности грижејќи се за околината. Главна намена на развојниот центар е истражување и развој на прехрабнените технологии со посебен осврт на пекарската и кондиторската индустрија“, изјави Глигор Цветанов, генерален директор на „Макпрогрес“ и претседател на Управниот одбор на Фондацијата „Прогресив Академија“.

Во овој центар ќе се врши еколошко следење и аналитика, развој на нови производи и подобрување на постоечките, како и анализа на нови сировини. Крајната цел е скратен процес – од идеја до лансирање нов производ. Тоа значи дека ако развојот на одреден производ досега бил една година, сега ќе биде сведен на еден месец.

„Витален момент на нашиот центар е модерно опремената иновациска лабораторија за истражување и развој. Таа е опремена за целосно тестирање и развој на нови производи. Тоа се однесува на сите типови вафли, колачи, чоколадо и чоколадни кремови. Во рамки на развојниот центар, изградивме и го опремивме со модерна технологија за сензорични анализи, како и за тестирање на вкус и квалитет преку фокус групи. Професионални дегустатори ги оценуваа производите по нивните карактеристики за вкус, мирис, боја, сочност, мекост и слаткост. Добиените резултати ќе бидат водилка на нашите технолози за работа. Односно, како би ги усовршиле постојните и би создале нови производи“, рече на промоцијата Цветанов.

 

„Винчини центар за развој“ и „Прогресив Академија“

Во рамки на овој развоен центар функционираат и две академии за учење. Тоа се „Винчини академија за развој“ и „Прогресив академија“. „Винчини академијата за развој“ е креирана со три специјализирани стручни школи наменети за врабтените во „Макпрогрес“. Оваа академија, освен за едукации, ќе се користи за обуки, тренинзи и семинари и соработки со факултети и други центри. Целта е преку оваа академија да се поттикне соработката со младите, учениците во дуалното образование, старт-ап компаниите, коморите и истражувачите.

„Виничи академијата ќе промовира модерно учење и практична работа и соработка со надворешни партнери. Во период од една година, планираме да обучиме 200 кадри, кои ќе ги надоградуваат своите вештини и квалификации. Обуките ќе се одвиваат на самата опрема која е инсталирана во самиот центар“, појасни Цветанов.

„Прогресив академија“, пак, ќе биде првата сертифицирана програма за извршни менаџери во Македонија. Секој од кандидатите кој успешно ќе ја заврши програмата, ќе добие сертификат од Министерството за образование и наука. Наставната програма ќе се состои од осум модели. Постојните и иднине менаџери ќе ги равијат своите компетенции, вештини и знаења за водење бизнис во сите сегменти. И тоа: бизнис стратегии, бизнис планирање, менаџемент на промени, финансии, оперативен менаџмент, иновации и технолошкии развој, маркетинг и продажба и лидерство базирано на вредности.

„Нашата визија е развој на менаџерски капацитети и развој на идни лидери, со што ќе дадеме свој придонес во бизнис секторот во Македонија и регионот. Во моментов, имаме пријавено 16 ученици на Академијата на извршни менаџери“, изјави Цветанов.

За развивањето на двете академии, тој се заблагодари на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) кои заедно со Владата на Јапонија, финансиски го поддржаа отворањето на центарот.

Пандемијата покажа дека луѓето се најважен ресурс на секоја компанија

Leave a Comment

You must be logged in to post a comment.