Најголемиот стартап од Балканот, UiPath излезе на берзата во Њујорк. Романскиот стартап UiPath, кој развива програми за роботика, успешно дебитираше на Њујоршката берза. Тој собра 1,34 милијарди долари од продавачи на софтвер и инвеститори во Иницијалната јавна понуда (ИПО) во средата, со скок на цената од 23 проценти.

Најголемиот стартап од Балканот, UiPath излезе на берзата во Њујорк

Компанијата, чиј софтвер им помага на фирмите да ги автоматизираат процесите на работа што се повторуваат, продаде акции по цена од 56 долари за акција. Ова е над очекуваниот опсег помеѓу 52 и 54 американски долари по акција. А, тргувањето на затворање на берзата изнесувало 69 американски долари по акција, известува CNBC. На затворањето, пазарната вредност на романскиот еднорог достигна 35,8 милијарди долари.

Трета најголема ИПО од софтверска компанија

Според американската ТВ станица, ова е трета најголема ИПО досега на софтверска компанија на американската берза. Во позадина е продавачот на база на податоци во облак (клауд) Сноуфлејк, која во септември собра 3,9 милијарди долари и Квалтрикс, која повлече 1,78 милијарди долари во јануари, по одвојувањето од САП.

UiPath одлучи да излезе на пазарот на капитал во време на забран раст, кога компаниите, почнувајќи од здравствениот сектор до производителите на енергија бараат начини за автоматизирање на бизнисот во нивните финансиски одделенија, за човечки ресурси и правни оддели.

Приходите на овој стартап минатата година се зголемија за 81 процент на ниво од 607,6 милиони долари. Така компанијата ја намалила претходната загуба  на 92,4 милиони долари од 519,9 милиони долари во 2019 година.

Бруто маржата на UiPath од 89 проценти е меѓу најголемите во софтверскиот свет.

Компанијата е основана во Романија во 2005 година од Даниел Дајнс, поранешен инженер на Мајкрософт. Десетина години подоцна, Дајнс го премести UiPath во Соединетите Држави и го основа своето седиште во Њујорк. Но, тој исто така ја задржа централата во Букурешт. Таму работат приближно една четвртина од 2.863 вработени со полно работно време во компанијата.

Дајнс контролира 88 проценти од акциите со право на глас. Тој е и најголем акционер на УиПат со над 110 милиони акции. Нивната вредност на крајот на тргувањето во средата изнесуваше над седум милијарди американски долари.

Leave a Comment

You must be logged in to post a comment.