Проширувањето на понудата за старт-ап компаниите со „миксови“ на продукти и услуги, зголемена улога на банката во еко системот. Понатаму, вклучување во пораните фази на процесот на раѓање на старт- ап компаниите. А, како резултат на сето тоа да се создаде потенцијален акцелератор од сопствено портфолио на клиенти. Ова се идните предизвици на НЛБ Банка во развојот на компаниите и старт-ап заедницата, а кои беа презентирани на Глобалната недела на претрпиемачи, во делот на пристап до финансии и иднината на банкарството.

Раководителот на службата за кредитни анализи и администрација за микро и мали бизниси во НЛБ Банка, Стевче Стојановски, вели дека банката е стратешки партнер на старт-ап заедницата во Македонија, препознавајќи го нејзиниот потенцијал и можноста за раст и развој.

„Нашата улога во овој развој и креатор на иднината на банкарството, ја истакнуваме преку неколку генерални аспекти. Тоа е советодавната улога, менторстово и преносот на знаењата процесот на дигитализација која е неопходна алка на настанаите во современата доба, понудата на банката со своите производи и услуги кои имаат идеи за вложувања и развој. Преку советување, банката сака на своите потенцијални клиенти и старт-ап коминтенти да го истакне моментот на преносот на знаење и финансиска писменост, ментроство и експерства поддршка. Постои и експертска поддршка за да се даде импут од аспект на можноста на секторот за кредитна анализа. Да се изработат финансиски анализи на работењето на компаниите. Можноста за проектирање на идни готовиски текови или финансиски резултати согласно бизнис плановите на компаниите“, вели Стојановски.

За крај, вели Стојановски, банката им нуди индивидуална и персонализирана понуда на компаниите, со апсолвирани потреби од банкарските продукти и услуги.

Дигитализацијата и дигиталниот свет како сериозна потреба

Со пандемијата, НЛБ банка ги развива и усовршува постоечките дигитални услуги за компаниите во зародиш и веќе постоечките.

– Електронско и мобилно банкарство – кои на компаниите им овозможуваат заштета на време и ресурси на компаниите, без дополнителни ангажмнани,

– Е – commerce услуга – платформа на која може да се вршат плаќањата за продукти кои компаниите ги продаваат преку својата интернет продавница,

– Cash in услуги на банкомат

– Бизнис картички – достапност на компаниите до своите сретства кои ги имаат на располагање на жиро сметката

– Онлајн апликации и барање за бизнис соработка

– НЛБ pay

– Електронски индентитет

Видови кредити за финансирање

НЛБ Банка има дефинирани правила за финансирање. Постојат неколку вида на кредити и тоа:

– Долгорочни кредити – се користат за инвестициони вложувања, со подолг период на враќање и ефектите се подолгорочни,

– Краткорочни кредити – се користат за премостување на ликвидни потреби, за кои во моментот брзо се потребни да се подобри ликвидноста,

– Проектно финансирање – сегмент во кој неизвесноста е поголема,

– Понуди и пакети наменети за старт-ап компании – вклучуваат помали износи за ново основање на компании кои веднаш отвориле трансакциска сметка во банка и можат да користат одредени пречекорувања. Тие можат да бидат корисници на бинзнис картички, имаат право на користење на електронско банкарство кое ќе биде за неколку месеци бесплатно, со цел компаниите да застанат на „здрави нозе“ што побрзо.

Инаку, во март, НЛБ Банка склучи договор за соработка со Фондот за иновации за хибридно кредитирање. Како што вели Стојановски, поентата е сите компании кои се апликанти во Фондот и на кои им се одобрени финансирања или кофинасисрања, банката да се вклучи во тој процес.

„Нашата улога е да финансираме од одобрување до добивање на средствата од Фондот во одреден процент. Тој износ кој е одобрен од страна на Фондот, ние како банка им го даваме на компаниите бидејќи сме сигурни дека Фондот повторно ќе им ги врати тие стедства. При враќањето на парите, се затвора оној износ кој банката го одобрила. Од друга страна, имаме можност и за финансирање на делот кој во Фондот е дефиниран како сопствено учество. Во тој дел, битно е да не падне на товар на банката да ја кредитира таа компонента, туку самите коминтенти да се вклучат со сопствени срества“, објаснува Стојановски.

НЛБ Банка функционира на принципот на давање на „паметни“ пари, а не „тешки“ пари. Целта е дадените пари да имаат вистинска крајца цел, кој на крајот, вели Стојановски, ќе даде свој бенефит.

Leave a Comment

You must be logged in to post a comment.