НУК пресметa како ќе се дели помошта на угостителите. Со новиот пристап и модел сите сектори од угостителската индустрија треба да добијат отштета, односно надомест за трошоци во висина на една третина од прикажаниот приход за периодот за кој се пресметува, соопшти Независната угостителска комора (НУК).

-Со новиот пристап за надомест на штетите и загубите како резултат на носењето рестриктивни мерки со кои се забранува или ограничува работењето на угостителските објекти, Владата конечно ги прифати нашите континуирани сугестии и препораки. А следствено на тоа донесе посебен шести антикризен пакет наменет за угостителската индустрија. Пакет кој полека се приближува до реалните и неопходните мерки неопходни за спас и одржување на овој сектор, вели претседателот на НУК, Здравко Јосифовски.

Кој колку ќе добие

Во очекување на правилниците и упатствата за начините на користење на шестиот сет економски мерки, НУК направи симулации на кои угостителски сектори колку од средствата ќе им бидат распределени.

  1. Според мерка 3 од шестиот сет мерки:

-Доколку една кафетерија со просечен број од  пет пријавени вработени во 2019 година правела просечен дневен промет од 40.000 денари, а во 2020 година 20.000 денари за периодот од 21 ден ќе добие неповратна финансиска помош за надомест на штета во висина од 286.000 денари.

-Доколку еден мал ресторан со просечен број од осум пријавени вработени во 2019 година остварувал просечен дневен промет од 60.000 денари, а во 2020 година 30.000 денари за периодот од 21 ден ќе добие неповратна финансиска помош за надомест на штета во висина од 405.000 денари.

-Доколку еден сериозен среден ресторан со просечен број од 20 пријавени вработени во 2019 година остварувал просечен дневен промет од 100.000 денари, а во 2020 година 60.000 денари за периодот од 21 ден ќе добие неповратна финансиска помош за надомест на штета во висина од 808.000 денари, наведува Комората.

НУК пресметa како ќе се дели помошта на угостителите

2. Во согласност со мерка 4 од шестиот сет мерки:

-Според НУК, доколку еден ресторан за настани (свадби, прослави, настани и слично) со просечен број од 20 пријавени вработени во 2019 година организирал 20 настани месечно со 200 луѓе и просечно мени од 930 денари (15 евра) по лице, треба да добие неповратна финансиска помош за надомест на штета за овие 21 ден во висина од 1.272.600 денари.

Ноќен клуб кој може да прими до 300 гости со просечен број од 10 пријавени вработени во 2019 година кој работел само петок и сабота, месечно со просечен промет од 150.000 денари од вечер, треба да добие неповратна финансиска помош за надомест на штета во висина од 435.500 денари, пресметуваат од НУК.

Препораки и протоколи за работа?

-Се надеваме дека симулациите на пресметките ќе коренсподираат со спроведувањето на шестиот сет мерки. Она што Владата не смее да го заборави е дека целокупната угостителска индустрија трпи континуирани штети од ограничувањето на работното време и посебните протоколи за работа со кои се преполовени можностите за прием на гости со што целокупниот период од март 2020 година генерира смалени приходи и загуби.

Ни останува уште заеднички со медиумите да ја исправиме неправдата што во континуитет ја прави Комисијата за заразни болести со несоодветните препораки и протоколи за работа. А, кои таа ги носи самостојно и своеглаво без прифаќање на никакви укажувања, сугестии или консултации со угостителите и угостителскиот сектор, потенцираат во соопштението од НУК.

Leave a Comment

You must be logged in to post a comment.