ПРЕБАРАЈ ФИРМА
Filters
Пребарување
Рок: 06.8.2020

 

Финансиско друштво ТИГО Фајнанс ДООЕЛ Скопје е современа компанија која применува иновативна и модерна технологија, посветена на корисниците. Нудиме брзи и лесни решенија за микрокредитирање на физички лица кои се достапни секому.

Нашиот тим се состои од професионалци од областа на финансии, грижа за корисници и ИТ. Поради брз раст на компанијата, повикуваме амбициозни лица да аплицираат на позицијата Оператор за телефонска наплата на долгови.


Оператор за телефонска наплата на долгови


Вистинскиот кандидат за оваа позиција е проактивен, флексибилен и ориентиран кон резултати, со цел градење на успешна компанија, притоа имајќи позитивен став во обезбедување на исклучителни услуги кон нашите корисници.


Позицијата вклучува:
Наплата на долгови со употреба на комуникациски тактики
Менаџирање со голем број повици со корисници на дневна основа
Одлична комуникација со корисници во однос на отплата на долгови
Одредување на причините за задоцнета отплата на долгови и наоѓање решение за нивно намалување
Користење стандардни методи и процедури за обезбедување навремена наплата
Нудење можност за продолжување на рок за отплата и реструктуирање на долгови
Постапување по жалби и потреби на корисници
На оваа позиција вработениот одговара пред Менаџер за наплата на побарувања

Профил на кандидат:
Релевантно искуство од најмалку 1 година
Познавање на англиски јазик и MS Office
Вештини за преговарање и убедување
Одлични комуникациски и продажни вештини
Внимание на детали и ориентираност кон резултати
Флексибилност за работа во смени од понеделник до сабота

Услови од компанијата:
Современа и најнова технологија
Можност за напредување
Динамични работни услови во брзорастечка компанија

Доколку сметате дека сте вистински кандидат кој може да изгради цврсто фокусирана организациска култура, Ве молиме испратете Ваша биографија и мотивационо писмо на македонски јазик преку полето Аплицирај.

Изборот ќе се изврши согласно условите и роковите во Законот за работните односи. ТИГО Фајнанс го задржува правото да не избере ниту еден кандидат.


Познавате некого кој би бил одличен за ова работно место?

Проследете му го огласот!

Запознај го работодавачот
ТИГО ФАЈНАНС ДООЕЛ Скопје