„Семос едукација“ постои речиси 26 години на пазарот. Компанијата спроведува голем број на специјализирани курсеви дизајнирани за потребите на најразлични корисници. Досега, успешно има спроведено обуки на кои присуствувале околу 110 000 слушатели, како и 400 курсеви костумизирани според потребите на заинтересираните. 15 обуки, пак, кои ги спроведува „Семос едукација“ се акредитирани од МОН.

Деновиве, „Семос едукација“ започна уписи на своите академии на својот прв тренинг центар во Македонија. Јелена Стевковиќ е дел од кариерниот центар за „Семос едукација“ и е одговорна за фриленс курсевите.

„Со почетокот на 2020 година, сите бевме неочекувано затекнати од пандемија со ковид 19, која резултираше со неизвесност. Сите на некој начин не натера да работиме од дома, како за македонските така и за регионалните компании. Од друга страна, секој од нас бара начин за дополнителна заработка, сите ги бараме тие начини. Нашето секојдневно функционирање се промени и не верувам дека ќе се врати во нормала. „Семос едукација“ секогаш ги следи трендовите, следејќи го растечкиот тренд во светот. Наша главна цел е да овозможиме што повеќе лица да се запознаат со фриленсерството и бенефитот од овој начин на работа“, вели Стевковиќ.

Македонскиот јазик се уште не познава домашен збор за фриленсинг. Во слободен превод, фриленс е начин на работа кој може да се работи од каде било – кафуле, во планина, на море и во кое било време. Се што е потребно се само лаптоп и добра интернет конекција. Постојат различни онлајн платформи на интернет, лесно пристапни, каде може да бираме каде и кога би работеле.

„ Курсот за фриленсери е доколку сакате да бидете еден од новите фриленсери на пазарот и новата година да ја започнете со нова кариера. Секој од нас има различни вештини и тие се попрофитабилни отколку што можеме самите да помислиме. Еден фриленсер од Македонија би можел да заработи 1 200 денари од час. Односно, тоа е повеќе од 5 000 долари годишно. Повеќе од 50 милиони луѓе во САД работат како фриленсери. Тие на годишно ниво генерираат еден трилијон долари. Од 2022 година, предвидено е просечната годишна плата за фриленсер во САД да изнесува над 67 000 долари. Според истражувањата на „Upwork“ ќе се згореми 168% во следните 10 години на глобално ниво“, вели Стевковиќ.

Кариерниот центар на „Семос едукација“ треба да ги поврзе како мост слушателите и компаниите кои имаат потреба од кадар, нудат пракса и понатамошна соработка. Досега, биле пријавени 1 462 слушатели, од нив компанијата има препорачано 277. Статистички, кариерен напредок имаат забележано кај 164 слушатели.

„Се надеваме дека на поинаква дополнителна насока ќе им помогнеме на слушателите да ја најдат кариерната патека. Да се зголеми хонорарната работа и да се подигне свеста за самиот начин на работа. Со тоа ќе се придонесе за разбивање на погрешните перцепции за овој начи на работење. Односно, дека фриленсерството овозможува дополнителен приход или самовработување“, смета Стевковиќ.

Што нуди „Семос Академија“?

– Генијален попуст од 15% на сите Академии до 18 февруари
– Најдолги и најтемелни програми
– Официјални програми според најпрестижните светски IT брендови
– Менторство од докажани експерти во областа
– Максимум пракса-минимум теорија
– Работа на реални проекти за реални клиенти-компании
– Членство во кариерен центар
– Компаниите ги препознаваат студентите од Семос Академиите

„Семос Едукација“ креира остручени умови со светски признаени сертификати

Leave a Comment

You must be logged in to post a comment.