Пред два месеца, „Фондацијата Импакт“ потпиша договори за партнерство со „Бреинстер“, Едукативниот центар „Сивус“ и образовниот центар „Семос“. Целта е да се спроведат модули за обука за фриленс работа и развивање на наставни програми наменети за младите, за жени и за ранливи и маргинализирани групи.
Фондацијата „Импакт“, ќе им се овозможи на студенти да земат учество на првите специјализирани обуки за фриленсинг и ќе им помогнат подобро да го разберат овој пазар. До крајот на март годинава, планирано е да се обучат 300 студенти, од кои 150 би започнале да работат во некои од најпознатите фриленс платформи. Директорката на „Импакт Фондацијата“, Елена Иванова, вели дека ова е проект кој треба да ги зајакне формите на самовработување.

Преку проектот ќе се работи на подобрување на условите за фрилесинг на дигиталните платформи, вклучувајќи и менторство од веќе искусни лица. Очекувањата одат во насока повеќе млади луѓе и жени ќе започнат да се занимаваат со нудење на фриленсинг услуги, како начин на заработка и обезбедување на приход. Студентите ќе бидат поддржани со стручна обука и натамошна поддршка од тренинг центрите во нивниот кариерен развој.

„Проектот треба да даде резултти, преку кои ќе се зајакнат сите можности за младите да дојдат до пристојно и конкурентно вработување. Ние сме навикнати на традиционални модели во нашето општество кои се покажуваат успешни. Но, во пандемијата, се истестира дека може да се направи форма на вработување која можеби уште не е формална, а е многу вносна и квалитетна. Овој тип на самовработување – фриленсингот, нуди директна врска со глобалниот пазар. Освен сите работодавачи во Македонија, достапни ви се и компании од странство“, раскажува Иванова.

„Импакт фондацијата“ е организација за развој на приватниот сектор, локален ко-фасилитатор на програмата „Рекономи“ (Reconomy), водена од методологијата за развој на пазарни системи. Како што вели Иванова, „Рекономи“ работи во три сегменти:

– работа со тренинг едукативни центри кои нудат технички знаења, но, и објаснување на самите вештини за фриленсинг,

– зајакнување на приватниот сектор – македонски компании да ги користат услугите на фриленсерите, иако не е созреан моментот да купуваат работа од фриленсери. Идејата е со „Старт ап Македонија“ да се приближат македонските фирми кон фриленсерите,

– овозможувачка средина на работење на климата во која работат фриленсерите. Средината во која функционираат не е поставена се уште за нив. Не постојат категории за вработување на фриленсери.

„Не постојат претпријатија кои одговараат на фриленс моделот. На пример, еден фриленсер може да регстрира компанија, но, не може да прави извоз. Фриленсерството не е нелегална работа. Напротив ќе се стимулира на долг рок“, вели Иванова.

Фриленсерството во Македонија

Фриленсерството во голема мера, од поодамна е присутно и во Македонија. Голем број фриленсери нудат свои професионални услуги во разни области на светски познатите платформи. Сепак, оваа сфера е законски нерегулирана во државата. И тоа од повеќе аспекти. Фриленсерите немаат можност да остварат работнички и социјални права, постојат сложени бирократски процедури за плаќање на данок на личен имот во остварувањето на приходи од странство, отсуство на софистицирани решенија за наплата како PayPal… Во Македонија, се уште нема регистрирано здружение или организација која ќе ги застапува нивните права и интереси.

Преку кариерниот центар на „Семос едукација“ до фриленс заработка

Leave a Comment

You must be logged in to post a comment.