Андреја Јарчевски работи како долгогодишен фриленсер и предавач во „„Семос едукација“. Дипломирал во ИТ секторот, а магистрирал во областа на софтверски инженеринг и комуникации. Пред 12 години, одлучил неговиот фриленсинг да го трансформира во секојдневен начин на работење. Андреја е еден од неколкуте предавачи во неколку различни теми. Вели дека фриленсингот не е за секого, бидејќи не секој може да го издржи темпото и притисокот на работата. Клучно според него е да се постави прашањето – дали работата која ја имате е поволна за фриленсинг. Јарчевски наведува неколку позитивни и негативни страни на фриленсингот, за кои вели дека мора да се земат во предвид.

Позитивни страни

– може да работите од дома, плаќа, планина, не од канцеларија,
– основна работа која ви треба е лаптоп и интернет конекција,
– може сами да бирате што ќе работите,
– ќе научите да си го планирате времето,
– фриленсингот нуди доедукација, имате контрола на професионалната судбина,
– помалку или повеќе слободно време,

Негативни страни

– самите сте одговорни и се – вие сте и директор и дизајнер и програмер,
– треба одлично да знаете да го организирате времето,
– да бидете одговорни пред самите себе, а потоа и пред клиентите
– сами ги барате клиентите
– нередовен прилив на пари, немате платен одмор, самите сте одговорни за плаќање на придонесите,
– во случај на болест кој ќе ги работи проектите? Треба да ги менаџирате сите аспекти на бизнисот.

„Пред 12 годино одлучив деКка мојот мојот фриленсинг ќе го трансформирам во фул начин на работење. Фриленсингот не мора да е исклучиво во ИТ секторот. Можат да бидат и фотографи, преведувачи, пишувачи на контент, услужна дејност. Одогвара и за апсолутни почетници, овозможува работа и учење на многу проекти. Фриленсер е човек кој работи сам за себе и не е посветен на еден работодавач. Има повеќе различни клиенти и шефови. Самата бизнис логика на фриленсингот е дека нудиме услуга, а многу ретко нудиме продукти. Ние сме „one men show“, одговорен е за сите работи за неговиот бизнис“, раскажува Јарчевски.

Советите на Јарчевски за идните фриленсери – почетници е дека дипломите, сертификатите и евентуалното работно искуство, се само некои од начините како да се „продадат“ на пазарот.

„Како фриленсери треба да ја покажете и докажете вашата стручност, работно искуство, некакви релевантни сертификати…На вашите клиенти не им е важна вашата диплома, туку само дека ќе ја завршите работата. на вас останува да ги убедите клиентите да работат со вас. Многу работи играат улога во фриленсингот. Може да работиш како преведувач, но, ќе треба да покажеш што и како знаеш. најголема улога за довивање на некакви проекти е цената. Но, има и други фактори кои влијаат“, смета Jарчевски.

Со развој на вештини и фриленс работа до обезбедување на приходи

Каде да се најде првиот клиент?

Јарчевски вели – има мал милион начини. Преку совет, искористување на контактите кои ги имате, јавувајте се по роднини и пријатели….

„Фриленсингот е турбулентен, ќе имате месеци со многу, но и со малку работа. Природата на работата е таква. Колку може да заработите годишно, зависи од вас. Но, и од клиентите кои заивиси од нивните проекти. Други азиски земји работат поефтино од нас. Клиентите одговараат дека можат да испорачаат обемна работа, но не и квалитетна работа. Ние во ИТ индустријата испорачуваме подобар квалитет. Тоа е една од нашите најсилни аргументи кога работиме со странски клиенти. Ние сме поефтини затоа и работат со нас, но, не се ризикува квалитет за да се добие нешто поефтино“, дециден е Јарчевски.

Преку кариерниот центар на „Семос едукација“ до фриленс заработка

Leave a Comment

You must be logged in to post a comment.