Атинската берза станува косопственик на белградската берза.  Според информациите од локалниот пазар на капитал, атинската берза ATHEX доби согласност од Комисијата за хартии од вредност на Република Србија за стекнување на 10,24 проценти од вкупниот број акции на белградската берза BELEX.

- „Атинската берза ги здружува силите со белградската берза со цел заеднички да ги искористиме деловните можности во ерата на забрзана глобализација“, објави БЕЛЕКС.

Атинската берза станува косопственик на белградската берза

 

Соработката меѓу двете берзи, како што беше објавено, се заснова на два принципа:


  • - заедничкото верување дека овие пазари треба да играат клучна улога во обезбедувањето одржлив економски раст на локалните економии и

  • -заедничката визија дека само со здружени сили можат ефикасно да ги решат растечките проблеми и да пружат подобра услуга за потребите на издавачите кои доаѓаат од ЕУ и од меѓународната средина.


- Во овој контекст, Атинската берза ги изврши сите потребни дејствија и доби согласност од Комисијата за хартии од вредност на Република Србија за стекнување 10,24 проценти од вкупниот број акции на белградската берза. Во исто време, белградската берза, како организатор на пазарот, донесе одлука за подобрување на својата платформа за тргување и мигрирање на трговските активности на платформата за тргување на берзата во Атина, се вели во соопштението.

На овој начин, се посочува, сите учесници на пазарот ќе имаат можност да имаат корист од проширувањето и продлабочувањето и на пазарите на капитал и на вкрстеното тргување.

- Во следната фаза, берзите на Белград и Атина тесно ќе соработуваат со Владата на Република Србија, односно со Министерството за финансии. Целта е да се овозможи  понатамошен стратешки развој на српскиот пазар на капитал. И тоа преку воведување на нови производи и услуги кои ќе го поддржат протокот на капитал од  домашни и меѓународни инвеститори, како и котирани компании на белградската берза, се додава во соопштението.

Заедничка платформа за тргување претставува нов чекор за одржлив бизнис


Сократ Лазаридис, директор на Атинската берза,- АТЕКС, како организатор на пазарот и јавно претпријатие, го има потребното искуство да ја поддржи белградската берза во нејзините напори да го развие својот пазар на капитал преку ова стратешко партнерство.

- БЕЛЕКС заедно со Кипарската берза и Атинската берза на заедничка платформа за тргување претставува нов чекор кон нашата долгорочна цел за одржлив бизнис преку подобрување на заедничката ликвидност и проширување на нашата регионална мрежа, посочи Лазаридис.

Според Синиша Крнета, директор на белградската берза, ова партнерство е органско продолжение на долгогодишната успешна соработка и растечките деловни врски помеѓу берзите во Атина и Белград.

- Со цел да придонесеме за одржлив развој на српскиот пазар на капитал, очекуваме дека ова стратешко и технолошко партнерство ќе ни помогне да ја подобриме пазарната инфраструктура. А исто така и да ги елиминираме тесните грла во инвестициите, да го забрзаме формирањето капитал и да генерираме бројни нови можности за инвестирање, вели Крнета.