Многу пати на овие страници сме тврделе дека парламентарните избори во Македонија, сета таа борба, сите тие пароли и ветувања, сета таа енергија и пари се влог за освојување на државниот буџет. Значи, целта е да се освои буџетот, паролите и ветувањата се само средство. Буџетот може да се прогласи како еден сладок десерт, подготвен од сите нас, од кој секој што може лапа, а ретко кој одговарал за тоа што се прејал.    

Ова можеме да го потврдиме со два примера во последневе 12тина месеци. Покачувањето на функционерски плати за 78% во времето на поранешната власт и вториот пример во планирањето на државниот буџет во кој има предлог за покачување на платитие на функционерите за уште 50%. Тоа е причината што секоја година буџетот се зголемува, а не развојот. Да беше така, сите ќе живеевме барем малку подобро. По осамостојувањето, буџетот изнесуваше 3 милијарди евра, а сега достигнува 6,5 милијарди. Оттогаш одсега и администрацијата е зголемена двојно, на околу 150 илајди бирократи, па ете ја причината за зголемувањето на буџетот. БДП не се зголемува, имаме просечен раст од само 1,9% годишно, што не е никаков раст. Најголем процент од буџетските пари одат за плати на јаловата администрација. Македонија трет пат во историјата си игра со „милијарда“, која многу потсетува на милијардата на Циле и на милијардата за „Скопје 2014“. Од тие милијарди народот не виде аир.

Така е создаден и се спотнува тој вител, односно парите за инвестиции од македонскиот државен буџет ги јаде бирократијата, а за стопаснтвото се земаат големи кредити со сомнително потекло.

Зошто не оди работата како што оди во земјите што се разиваат полека-полека, ама се развиваат? Албанија не петрка!

Или не посоти знаење како да се организира функционирањето на општеството и на државата, или намерно се оддржува контролиран хаос, во кој трагите тешко се следат. Поголемиот процент од населението е убеден во ова второво.

Дали во земјава немаме високоинтелектуални авторитети што треба да се вклучи во спасот на земјава или не се пожелни, или некогаш биле шутнати, па се плашат од политичка репресија, добро позната и од многумина почувствувана со трајни животни последици. Но, ако не се запре функционирањето на „клатно системот“ („едни дојди – други турни“), што беше воведен во практика со повеќепартискиот систем, скоро ќе не’ снајде тотална кадровска пустош, која веќе могу се чувствува. Според параметрите на задолженoст и на продуктивноста, на извозот, на куповната моќ на населението, Македонија е во тешка економска криза што може да доведе до распад на системот. Како да постои одмазда и натпревар во тоа кој повеќе да го испразни буџетот односно џебовите на народот. Така брзината на вителот се зголемува.

Ако некој мисли поинаку, нека повели, нека демантира!

Засега единствена утеха ни е НАТО и надежта во преговорите со ЕУ. Ако Макеоднија веднаш не ги почне преговорите во кои се подразбира и контрола на трошењето на парите и добивање пристапни фондови, што ќе се трошат под контрола, а не да не им се знае трагата, неминовно ќе се остварат црните предвидувања. Тоа граѓаните го чувствуваат и се уплашени. Тие сето тоа го гледат преку цените.

Но, и НАТО и ЕУ нема да не галат ако продолжиме да се инатиме. Тие имаат и други правци и можности. Македонија имала среќа што Господ ја насадил на крстот на коридорите 8 и 10 преку кои транспортот е најбрз и најевтин во европската сообраќајна шема и во формирањето на цените на производите што доаѓаат перку блиските пристаништа, инаку никому немаше да му текне на нас и на нашата брзина на возовите. Ние се движиме со само 20км/ч!

Ако е народот темелот и изворот на власта, нашата елита штом ќе ја земе власта зазема и арогантна сила и се одвојува од него, го заборава, што е најпогубната варијанта за народот, тој е изгубен во таа организација, затоа што наместо во центарот тој се фрла во ексцентарот на несигурниот економски и политички живот. Власта тогаш се претвора во самоволна и авторитарна, без обрврска за отчет за трошењето на парите и за незаслужениот луксиз – коли , мебел, секретарки, скапи мобилни телефони, коктели, патувања без потреба и многу дуги привилегии.

Народот, од кој огромен процент само површно ги следи политичките и економските случувања и води дискусии како пред селска кооперација во стилот; „јас сум за Америка, јас сум за Русија“ или „за Ѕвезда и Партизан“, сепак има некаков рефлекс што го тера да ја замрази таа власт што ќе го измами. Така, на тие 78% падна поранешната власт, ама идните избори се ближат и за сегашната.