„Нека е проклет часот кога ни кажаа дека...“ ни следи ново задолжување од цела милијарда евра и тоа со кредит од Унгарија, чиј лидер, иако е член на ЕУ, ровари во неа, а во негова закрила седи поранешен македонски премиер со политички азил, поради што, уште неземен, кредитот доби политичка етикета, која удира дури и во нервите на Брисел.
Колку и да се уверливи причините и приказните за оправданоста на тој кредит и условите под кои е земен: камата од 3,25 насто, 15 години отпалта и 3 години грејс период, на економистите од академското ниво, не им фати око. Само што не беа доволно гласни, затоа што можеби се плашат од ехото на сопствените зборови во оваа карпеста земја.
Дека со овој кредит ќе се зголеми надворешниот долг повеќе отколку што може сега да поднесе оваа економија, на сите им е јасно. Слаба економија, чија задолженост оди над 60 – 65 % од БДП, се соочува со голема тешкотија за редовна отплата на долговите, а тоа, најблаго речено, го забавува нејзиниот развој, а може да има и многу потешки последици.
Сега имаме најнов бисер со кој се соочува тој ист кредит! Банките си бараат надомест, што е норамлно, за услугата што ќе и ја прават на државата, а тоа е - за примање документи, за проценката на кретдитната способност, гаранции, исплата и се што е банкарска администрација, плус ризикот од ненаплатливост на дел од кредитите. Пред тоа веројатно државата мислеше дека банките ќе се израдуваат да ги прават тие работи без пари, за атер на власта што ја обожуваат, заборавајќи дека тие се акциониерски друштва и никој поединечно не би зел одговорност да врши некому услуга без пари или да простува ризични кредити. Па, тој акционер инвестирал во таа банка за да заработи, за профит, а не да работи за државата ангарија. Сите парични влезови и излези мораат да бидат чисти! Државата нема и не смее да има привилегиран статус кај банките, таа е клиент како и секој друг клиент на банкарските шалтери. Но, откако банкарите не ја пуштија државата преку ред, туку ја пратија на шалтер, таа им понуди - услугата да им ја плати со пари од буџетот. Тоа значи зголемување на празнењето на буџетот, зголемување на буџетскиот дефицит, намалување на некој буџетска ставка, а секогаш најмногу страда ставката за капитлани инвестиции и така работата се врти во круг: се зема кредит за капитални инвестиции од чија ставка потоа се земаат пари за некоја друга намена.
Плаќањето на услугата на банките од државниот буџет личи на ново задолжување на државата кај граѓаните! Тие така го чувствуваат. И тоа вонредно задолжување, затоа што не е прикажано на време! Затоа, ако е сигурна во профитабилноста на тој кредит, државата на граѓаните би требало да им издаде државни обврзници во висина на вкупната сума на чинењето на услугата на банките, со камата барем иста како и за кредитот (3,25%) или повеќе и со многу пократка рочност на исплата отколку што е рочноста на отплатаа на унгарскиот кедит, затоа што голем дел од нив за 15 години ќе ги ораат небеските ниви и нема да дочекаат да уживаат во својата земја која ќе биде многу поразвиена по искористувањето на кредитот. Впрочем, и банките барале пократка рочност на испалатата на нивната услуга до 10 години, а не 15, на колку што инсистирала државата.
Сомнежот за успешна реалзиација на планираните средства за капитални инвестиции е многу реален, затоа што ниедна година планираните средства не се реализрале до крај. Од тоа произлегува прашањето дали кредитот ќе се исплаќа во редовните рокови.
И самата министеркаа за финансии, зборувајќи за капиталните инвестиции во претходните години, рече дека тие не изнесувале реално повеќе од 15 милијарди денари, бидејќи трансферите се прикажувале како капитални расходи, а дополнително имало и слаба реализација на проектите што биле планирани. Тоа, како што додаде, „резултирало со ниски стапки на раст во минатото“. Министерката со неуверлив глас наведе дека со Предлог-буџетот за 2025 година буџетскиот дефицит е планиран на 4% од БДП, или 680 милиони евра, дека се планирани повеќе средства за исплата на плати, пензии, здравствена заштита, социјални надоместоци и слично. Всушност таа признава дека „апитите на некои министертва за трошење државни пари биле превисоки. Ако не им се скратело, дефициотот ќе достигнел 13,5% или над 2 милијарди евра“. Со тоа признава дека власта се сака заради буџетот, дека патриотизмот се мери со буџетскиот дефицит, а приказните дека заемите се земаат за развој на државата се за заспивање на пензионерите кои со секое отворање на програмата се плашат да не слушнат дека ќе им биде укинат линеарниот пензиски додаток, зашто во предлог буџетот за следната година, тежок 6,5 милијарди евра, 390 милиони се наменети само за полнење на ПИОМ, што е погубна сума за државниот буџет, при токлкав одлив на работната сила од државава.
Уште еден фактор за скептицизмот за рационалното искористување на унгарскиот кредит и за неговата ефективност: Македонија е обелена од белата чума. Агенциите за вработување не можат да најдат работници за да ги задоволат потребите на компаниите што бараат работнци, не само на домашниот, туку и на странските пазари на трудот. Се е тргнато накај Германија.
А каде е ризикот од ненаплаќање на кредотот во случај на банкрот на фирмите што ќе го користат?
Значи, транспарентноста од страна на власта, пред да се земе кредитот, не била максимална, била популистичка, скриена и додворувачка, затоа што не била прикажана цената на услугата на банките.
Штом еднаш е прикирена една ставка за работа што треба да биде најтранспарентна, даночните обврзници имаат право да се сомневаат и да се прашаат – дали тие пари ќе бидат дадени на сите фирми, дали на компании и општини што имаат вистински проекти, дали ќе има строги критериуми, гаранции, хипотеки, или ќе бидат давани на „своите“ и нема да бидат оплодени и нема да бидат враќани на време, па загубите пак ќе паднат на товар на буџетот. Имаме право да се сомневаме, затоа што сме оценети како земја со висока корупција во која, како и во сите корумпирани змеји, долговите само се таложат и стигнуваат до гуша.