Иако македонската власт се фали дека е постигнат голем успех со „подигањето“ заем од Унгарија на две рати од по 500 милиони евра, Светската банка изразува загриженост за нашата финансиска состојба. Првин, Банката констатира дека македонската економија има најлоша година (2024), а животот нема да се подобри ни во следните две. Тоа значи дека граѓаните во ТВ-анкетите пак ќе ги слушаме како се жалат на високите цени и на тешкиот живот и прашање е дали по две години ќе почнат да се фалат, никој не верува во тоа.
Светската банка очекува оваа година да ја завршиме со раст од само 1,8 проценти, што воопшто не е никаков раст! Во земја во која нема ни домашни ни странски ИНВЕСТИЦИИ – нема напредок! Големите инфраструктурни зафати, за кои Европската унија ни стави на располагање големи пари, а ние не ги користиме од инает за да не му овозможиме на политичкиот противник да ја понесе славата на инвестицијата и не гласаме во собранието за таквите закони, носат прогес, затоа што во тие работи се ангажираат голем број стопански гранки и сите имаат полза. Но, нашата кратковидост не остава на дното на скалата на земјите во развој. Дури и Албанија не претрка, а за земјите од поранешниот источнен социјалистички блок што беа сосила турнати во ЕУ, да не зборуваме. Ние што ги паметиме по исклучителната сиромаштија и недостиг на основните продукти, сега не можеме да ги препознаеме – едноставно европскот стандар е јасно видлив, каква што е видлива и нивната европска култура.
Светската банка, како причина за нискиот раст на нашата економија ја наведува токму таа оценка: Застој во реализацијата на коридорите 8 и 10!
Нашите власти, политиката ја мешаат насекаде. Добро, можеби и тоа не може да се избегне, но несфатливи се променливите одлуки – еднаш ќе градиме, друг пат не градиме, па се спомнуваат слепи тунели, па потоа отовени можности за развој на регионот, па ќар од транзитраина, па веќе никому не му е јасно што ќе биде понатаму. Некако како да нема јасна претстава дека Европа инсистира на тие коридори затоа што и’ требаат нејзе, не само нам! Затоа и инсиситра и на забрзување на изградбата на коридорот 10, затоа што тоа е најкраткиот и најевтиниот железнички пат преку Македонија од Солунското пристаниште кон север. Тоа е причината и за некои други политички решенија заради кои се меша западот во нашите политички односи со соседите, само ние или не сфаќаме или се правиме дека не сфаќаме и секогаш губиме.
Да се фалите дека оваа година ќе имате раст од 1 процент тоа е срамота!
Да се вратиме на заемот. Во владата е почната постапка за повлекување и на вториот дел од милијардерскиот заем.
Светската банка признава дека условите се добри, но никој не може да го негира впечатокот дека имаат „политики причини“. Тоа значи дека на Европа не и е драго што една нејзина кандидатка тргнува по некое непознато патче во потрага во изворот на вода, а има на располагање фондови до кои може многу бргу да дојде како земја преговарач за членство. Освен тоа, забелешката дека со ова задолжување јавниот долг ќе ја премине економски дозволената егзистенцијална граница од 60% од својот БДП и ќе достигне 63,5%, ретко кој ја сфаќа за сериозна. За читателите, на кои овие бројки не им значат ништо, да објасниме со едноставен пример: ако земате плата од 10 илјади денари, ратата за отплата на заемот не би требао да биде поголема од 6 илјади денари, затоа што со остаокот од четири илјади денари нема да можете да ги задоволите сите потреби, па ви се заканува или банкрот, или ново задолжување и така до бескрај. За да купите нешто ново за домаќинството, не може да стане ни збор, па така вашиот дом се повеќе ќе старее и ќе пропаѓа.
Авторитетие на светската банка констатираат; „Иако, пред 6 до 7 години земјата беше релативно малку задолжена, со релативно стабилни финансии, ова веќе не е случај“.
Значи крајно време е работата да ја сфатиме сериозно и да ја фатиме здраво на домашен план во однос на домашните инвестиции, продуктивноста, јавната администрација, за која се надмудруват дали ќе биде со „баленсерот“ или со друг закон, а никој не се залага за намалување на таа администрација што го јаде буџетот како глушец суирењето.
Најголем економски раст оваа година ќе имаат Србија и Косово, по што следи Црна Гора, Албанија па БИХ.
Има една објективна тешкотија за сите економии во регионов, а тоа е масовното иселување, но и таа тешкотија е субјективна, односно предизвикана од самите нас.
И следно, кое секогаш се спомнува како последно, а со тоа и како неважно, е прилагодувањето на климатските промени. По сите погоре забелешки наведени во овој текст, македонските влади треба да ги имаат предвид поледиците од климатските примени кои во следниве години ќе голтаат по 4% од БДП годишно, што ќе биде огромна загуба, односно намалување на приходите, губење работни места и уше поголем недостиг од храна.