Информациите за успесите на намалувањето на инфлацијата се мошне нејасни за обичниот граѓанин. Власта, намалувањето на општиот пораст на цените си го припишува на своја сметка, иако таа има најмала заслуга за тоа, освен што воведува некави ограничувања на маржите што е неекономска мерка, која секогаш „пука“ кога компресијата ќе ги достигне максималните вредности.

Граѓаните, и да ги прочитаат овие податоци, никако не им се совпаѓаат со ситуацијата на пазарот, на кој цените секојдневно растат. Тие се збунети: навечр „на вести“ податоци за намалената инфлација, наутро во маркетитие - ново поскапување.  

Значи, подаотците за намалување на инфлацијата versus состојбата на пазарот немаат никаква меѓусебна логика. Тоа е факт!

Па, зошто тогаш финансиските институции објавуваат, и тоа со доза на триумфализам, дека се постигнати големи успеси по стивнувањето на пандемијата со Ковид 19, дека инфлацијата е скротена на прифатливи и „нормални“ граници, во време на две големи војни во кои е вмешан речиси целиот свет и тоа има последици на целиот економски светски поредок. Точно е дека бранот што ја педизвика стагфалцијата во целиот свет во времето на пандемијата поради нарушувањето на трасираните патишта на снабдување е стивнат откако водечките развиени европски земји брзо се снајдоа со набавка од други извори и земји, како од Азербејџан, Казахстан и други далечни зејми, се пуштија нови гасоводи и се воспоставија нови патишта за снабдување со храна, па така инфлацијата попушти, но – цените на македонскиот пазар растат ли растат!!! Домашната Централна банка исфрла податок дека таа, „благодарение на одлучноста во својата политика“ успеала инфлацијата да ја сведе на 2,2 насто!

Цитат:

„Намалувањето на инфлацијата од 19,8 отсто во октомври 2022 година на 2,2 отсто до август 2024 година е клучно достигнување, главно благодарение на одлучноста при зголемувањето на каматните стапки на централната банка.“

Авторитетот и професионалноста на македонската Централна банка никој не го спори, ниту има таков што може да го спори. Имено, само оваа институција, водечка во креирањето на монетарната полиитка, не била предмет на некоја афера, или критика во полтичките дуели и престрелки, што зборува за нејзината професионалност и независност. Можеме со утеха да кажеме дека уште таа ни остана. Што ќе беше, некоја политичка сила за свои интереси да се наметнуваше во работата на оваа централна финансиска институција која со години води политика на цврст курс на денарот, на ценовна стабилност, се грижи за девизните резерви, за контролата и за сигурноста на банкарскиот систем и за сите работи што се во нејзина надлежност.

Но, податоците за падот на инфлацијата што треба да бидат утеха и надеж на граѓаните дека денарот ќе ја поврати својата вредност на касата на маркетите, никако да се остварат. Денарот секојдневно ја губи вредноста. Се помалку можеме да купиме продукти со „илјадарката“. Ако пред ковидот за да го поминеме денот со основните прехранбени продукти за четиричлено семејство ни беа потребни околу 400 ден, денес не не' расправат 800 ден. Значи двојно!  

Тука лежи зајанокот! Инфлацијата не се прикажува од периодот од пред пандемијата, туку од ланската или оломнанската година, па така, тие податоци дека таа е намалена од 20 на 2 % се точни, но ВИСТИНСКАТА СПОРЕДБЕНА ОСНОВА НЕ Е ТОЧНА! Споредбената основа би била поточна ако се земат цените од пред напдемијата. Тогаш ќе се види дека тие се зголемни за повеќе од 100 проценти, а платие, пензиите, или другите социјанлни додатоци, ни приближно не одат во корелација.  Ако се пресмета и скриената инфлација (поскапување при намлена содржина во пакувањето), тогаш инфалцијата не е помала од 130 проценти. 

Граѓаните некако живуркаа со цените од пред пандемијата, а со сегашните - тие буквално страдаат, само што статистичките податоци се за општа популистичка употреба, на која обичниот граѓанин верува поради авторитетот на медиумите.   

Точно е и тоа дека властите преземаа мерки; која со финансиска помош на стопанството, која со ограничување на маржите. Но, сето тоа е попусто. Мерките за ограничување на маржите ќе пукнат, времето само го дува балонот во кој се затворени или ограничени .

Инфлацијата не се победува со палијативни мерки. Потребна  е ревизија на нашата екстремна увозна изложеност, односно на мантрата дека отворената екномија носи некаква полаза. Да, постојат стопански или индустриски гранки кои не можат да го избегант узовот на  репроматеријали, на одредени метали, енергенси што ги немаме, но да се спие на тоа уво - „што има ние да произедуваме кога можеме да увеземе поевтина стока од странство“, или „нашето производство не се исплаќа, затоа што не можеме да ја постигнеме цената на увезените производи од Кина… Па, се прашал ли некој како може Кина да постигне толку ниски цени, зошто, како, да се впрегне некој да копира нешто од тоа. Не, ние само знаеме да увезуваме, да не работиме, да не инвестираме во науката, научниците да ги доведеме до просјачки стап, да нема наука на универзитетите, да произведуваме нестручна конфекција диполомци, да водиме лоша кадровска политика, да немаме развој, да немаме земјоделство и така најлесниот пат да го бараем во узозот. Многу пати сме нагласиле дека македонскиот извоз се темели на фабриките во економските развојни зони, во кои имаат право да работат (по посебни поволни услови) странски инвеститори, за домашни во нив влезот не е дозволен. Никој не може да гарантира колку време тие ќе се задржат на нашата територија и ќе си заминат со голема  реална опасност да го урнат  „рејтнгот“ на нашиот денар. НБРМ тврди дека ситуацијата е под контрола, дека девизните резерви се околу 4,5 милијарди евра, но сепак, денарот се брани на менувачкиот пазар, а не е на слободен пазар, чија вредност ја одредува основниот пазарен закон на понудата и побарувачката.  

Така, вистинскиот процент на инфлацијата зависи од споредбената основа, која никогаш не се споменува порано од една година. Тоа е можеби статистичка метода, но вистинската инфлација ја знаат граѓаните кои ги паметат цените од пред пандемијата, сето друго е популизам и антиекономија.