Електорниката во светот е во експанзија. Таа повлече многу млади луѓе од Македонија да се определат за оваа модерна  и потребна професија, која веќе неколку години, ако не и повеќе од деценија стана рамноправна стопанска гранка. Во нашава земја се појавија значителен број фирми кои своите услуги ги понудија и на домашниот и на странскиот пазар. Странските фирми добија стаус на странски инвеститори кои ангажираа добар и кавалитетен дел од маладата работан сила, на која сите со восхит гледаме и посакуваме да се разива и да биде пример за правилен избор на професијата и за прилагодување на луѓето кон пазарните потреби на модерниот свет. Се разбира дека таа гранка стана привлечна и поради високите плати и другите бенефиции. Всушност, компјутерските програмери добиваат највисоки плати во земјава и тоа ја качи оваа професија на врвот на листата најплатени професии. Нивната просечна плата лани во ноември изнесувала околу 1.600 евра или просечни 98 307 денари – покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Втори на списокот топ три најплатени професии се во воздухопловниот транспорт, кои ланскиот ноември земале во просек по 80 881 денари нето плата. Следуваат вработените во Фармација со по 60 325 денари.

Но, како и многу пати што сме забелажале, станските инвеститори, следејќи ги информациите за биизнис климата во сите земји, особено за неразвиените, се упатуваат токму во нив за да направат профитот токму во разликата на цената на работна сила, каква што е во Македонија.

Но, во последниве два години 2023/2024 ИТ секторот почна да се сочува со големи кадровски проблеми, односно настапи бран на отпуштања, па така и го урна еланот за оваа убава и одважна професија.   

Во првите пет месеци од годинава, според податоците од „Лејоф.фуи“ (layoff.fyi), 302 технолошки компании во светот отпуштиле околу 90 илјади порграмери. Се разбира дека тоа се должи на лошиот економски бран што ја зафати планетава уште со ковид-кризата во 2020 година, па продолжи со украинската криза. 

Компаниите беа принудени да ги намалат трошоците, па изгеда секаде во светот првин се почнува од човечкиот ресурс, кому во пазарната економија безмилосно му се дава отказ.

Трендот на откази во ИТ-секторот е присутен и во Македонија. Македонскиот ИТ-сектор неформално има околу 22 илјади вработени во домашни и странски компании. Во изминатава година и пол нашиот програмерски сектор го снајдоа големи индивидуални и групни отпуштања во повеќе компании.

Според истражувањето на „ИТ.мк“, главните причини за овој тренд била „лошата економска состојби на западните пазари, од кои македонската ИТ-индустрија, како земја што примарно работи аутсорсинг, многу зависи, зголемената непродуктивност кај ИТ-професионалците, злоупотребата на работењето од дома, што наметна - многу проекти за дигитализација да доцнат или да се под нивото на очекувањата и да создадат голем јаз меѓу менаџментот и ИТ-кадарот“.

Податоците укажуваат дека, поради атрактивноста на оваа професија, се има појавено хиперпродукција на  програмерски кадар, а и примање програмери приучени преку разни курсеви и самоуки преку програми достапни на интернет.

Сето ова доведе до намалување на бројот на огласи за вработување. Податоците од локалната платформа „ИТ.мк“ покажуваат дека од јануари до мај 2024 година бројот на огласи за вработување е намален за 82 процента. Сличен тренд се забележува и на регионалната платформа за ИТ-огласи, каде што бројот на огласи е намален за 50 проценти.

Овие податоци укажуваат на намалена побарувачка за нови вработувања во ИТ-секторот, што дополнително го комплицира пазарот на трудот и го отежнува наоѓањето нови можности за работа за технолошките професионалци.

Можноститие за вработување во Македонија се мали. За ниедна професија немаше толкава потреба од кадар како за програмерската, од која голем дел сега е, условно речено, на шалтерите на агенциите за вработување. Малата невработеност со која се фали државата, всушност се должи на одливот на работната сила од земјава, а не на некоја економска развојна  политика што без проблем ја апсорбира таа работна сила. Така, сега, таков готов кадар не само што тешко може да се вработи, туку се заканува дека среќата ќе си ја бара на запад.   

Едниствено утешно е тоа што аналитичарите веруваат дека оваа фаза на отпуштања и стагнација е само привремена и дека со подобрување на економските услови ИТ-секторот ќе се врати на патеката на раст и иновации. Но, тоа е само претпоставка во која сакаме сите да вруваме и да се оствари. Аналитичарите велат дека американската економија е во добра кондиција, односно дека се има повратено по ковид-кризата. Податоците за состојбата во Германија, пак, укажуваат дека германската економија, со која Македонија има најголема размена е на работ на рецесија. Утехата е во тоа што рецесијата на големите економии трае многу пократко отколку во неразиените земји. Едниствено лоша прогноза би била продолжувањето на украинската војна, настаните на блискиот исток и не дај боже влошување на тие кризи и мешање на поголеми воени фактори во овие војни.