Мал шенген, отворен Балкан, затворени надежи- тогаш ништо од бизнисот.

-Не знам дали насловот е доволно јасен, но преку текстот ќе ви стане совршено јасно колку сме далеку од посакуваните цели.“ напиша Бранко Азески, претседател на Стопанската комора на Северна Македонија и копретседател на Коморскиот инвестициски форум.

Мал шенген, отворен Балкан, затворени надежи- тогаш ништо од бизнисот

Еве еден позитивен пример што требаше да направиме.

 







ВИШЕГРАДСКА ГРУПА – ПОЛСКА, ЧЕШКА, УНГАРИЈА И СЛОВАЧКА

-  Регионална економска групација основана во 1991 година

-  Поранешни комунистички земји со скромни економски перформанси

-  2021 година – кумулативниот БДП надминува 1 трилион евра

-  БДП од глава на жител – 24.000 евра

-  Зголемувањето е повеќе од 350 % во споредба со деведесеттите

-  Извоз над 100 милијарди американски долари

-  Самоиницијативно здружување

-  Регионална соработка заснована на добра волја


Значи има позитивни примери!


Балканот треба да престане да ја имитира ЕУ и да создаде сопствена приказна заснована на реалноста на Балканот и тоа да биде направено самоиницијативно.

Називот „Отворен Балкан“ е од пред неполни два месеци, но почетоците се протегаат од поодамна, само под друго име. Пред две години во Нови Сад се одржа првата средба во форматот кој го доби колоквијалниот назив „Мини шенген“, означувајќи го почетокот на зајакнатата соработка.

Србија, Северна Македонија и Албанија,со потпишувањето на документот „Декларација за спроведување на четирите ‘слободи’ (слободен проток на стоки, услуги, луѓе и накапитал)“, едногласно се обврзаа да работат на отстранување на сите пречки што го оневозможуваат слободното движење во регионот.

Уште од самите почетоци, па и пред одржувањето на средбата во рамките на оваа иницијатива во Скопје во јули годинава, постоеја неколку дилеми – дали оваа иницијатива е само замена за недостигот од посветеност на ЕУ; дали е алатка за создавање нова Југославија или, пак, станува збор само за пренасочување на фокусот кон разочарувањето предизвикано од одложувањето на отворањето на преговорите за пристапување во ЕУ со Албанија и со Северна Македонија.Можеби затоа и целиот тек на оваа иницијатива го следеше прашањето дали сето ова е самоевтин политички трик што ќе изгледа добро само на хартија.

Неспорна е констатацијата дека самите дружења во тие два дена во Скопје како да внесоа нов оптимизам, кој требаше да добие свое продолжение на Форумот во Белград закажан за почетокот на ноември. Попатна станица требаше да биде собирот во Нови Сад организиран од Фондацијата „Конрад Аденауер“. Инаеднаш „тонч“, конфликт на административниот премин Јариње помеѓу Србија и Косово.







Во 2019 година по повод 97 години коморско постоење Стопанската комора на Македонија им додели Специјално признание за унапредување на регионалната економска соработка и работењето на Коморскиот инвестициски форум (Марко Чадеж, претседател на Стопанската комора на Србија и претседател на КИФ; Андреј Јовановиќ, генералендиректор на холдингкомпанијата „МОИ БРЕНДОВИ“, Сафет Ѓергалиу, поранешен претседател на Комората на Косово и поранешен  генераленсекретар на КИФ)


Значи, напорите што ги направи бизнисот во 2015 година,кога претседателот на Комората на Србија се одважи и отиде во посетата на Комората на Косово, па заедно отидоа во Брисел за да бидат мост меѓу бизнисмените, по што се изроди идејата за Коморскиот инвестициски форум, па за Мини шенген и за Отворен Балкан, за еден ден паднаа во вода.

Џабе беа сите понижувања и плукања дека тој тандем се новите Боро и Рамиз; сите закани по нив и сите активности кои следуваа потоа, зашто сега е совршено јасно дека не може да се развива идејата за Отворен Балкан со трупање оружје, затегнати ситуации и со закани.

Мал шенген, отворен Балкан, затворени надежи- тогаш ништо од бизнисот.

„Комора на иднината“


П.С. Денес во Комората, со прес конференцијата на г-динот Глигор Бишев, претседателот на Советот за унапредување на високото образование и потпретседателката на Комората д-р Јелисавета Георгиева-Јовевска и вчерашното конституирање на Совет за унапредување на индустриското производство и извозот, завршува еден процес на суштинска трансформација на Комората наречен „Комора на иднината“ во пресрет на 100 годишнината од нејзиното постоење, кој започна во 2019-тата година. Низ тој долг и сложен процес се донесоа најзначајните акти: Стратегијата за развој, промените на Статутот, изборите во 2020-та и приоритетите за наредниот мандатен период.  Со конституирањето на Советот за унапредување на индустриското производство и извоз; Советот за унапредување на високото образование; Советот за унапредување на квалитетот на тренингот и обуките и Советот за напредни технологии се анимираа неколку 100-тини нови бизнисмени научни работници кој што треба да го спроведат до крај новиот концепт. Сите тие личности со интегритет, без никакви забелешки, ја прифатија нашата понуда да ни се придружат и на тој начин да ни помогнат и себеси, и на Комората, и на Државата во градење на иднината. Крајниот резултат треба да биде сосема нов концепт на високото и средното образование кое ќе формира кадри, навистина потребни на бизнисот, кои ќе ги отворат процесите на дигитализација, роботизација, индустриски дизајн, телекомуникации како и формирање на берза на трудот, доследно имплементирање на системот на дуално образование, и подигање на капацитетите на арбитражата, медијацијата и судот на честа.  Советите ќе ги предводат Никола Љушев, главен извршен директор на „Македонски Телеком“, проф. д-р. Глигор Бишев, претседател на Управниот одбор и генерален извршен директор на „Шпаркасе Банка Македонија“ АД, Скопје, м-р Виктор Влашки, претседател на одбор на директори во „Осигурителна Полиса“ АД, Скопје и м-р Виктор Мизо генерален менаџер на „Костал Македонија“ ДОО Охрид и потпретседател на Стопанската комора на Северна Македонија. На сите нив им посакувам успех во работата, реализирање на зацртаните заложби и афирмација на новите вредности кои имаат една цел – да се креираат нови услуги за потребите на компаниите и целосно свртување кон нив.

Посебна благодарност сакам да му изразам и на Зоран Јовановски, потпретседател на Комората, кој во целиот овој процес ми помагаше целосно, професионално и човечки.

(објавено на сајтот на Стопанска комора на Северна Македонија)