Еден од показателите на развиените, или на земјите со брз развој, е автомобилската индустрија. Што повеќе нејзините брендови се раширени на светките пазари, се работи за земја која во своето портфолио може да се пофали со здрава економија, односно со висок прилив на средства, висока вработеност во таа индустрија, која по себе влече уште неколку други индустрии. Таков е примерот со Англија, Германија, Франција, Италија, Америка, Јапонија, во последниве две децении Јужна Кореа и Кина и други. Автомобилските брендови на овие земји се возат и во најзафрлените делови од светот, па дури и во пустините.

Единствена земја во регионов, која го следи тој пат е Србија која почнува да ја прозиведува „пандата“. Мораме да напоменеме дека традицијата за прозиводство на автомобили во Србија не е нова, туку води корени од поранешната заедничка држава Југославија. Србија имаше среќа што производините капаитети и останаа и по распадот на таа држава, но и искуството од производството. И во другите тогашни републики се прозиведуваа разни лиценцирани брендови, како во Сарево, Марибор, (Цитроен, Голф…).

Најпознат град во Србија во кој се произведуваа тогаш популарните „фиќо“, „Застава 101“ и „Југо“ е Крагуевац, па не е чудо што таа традиција продолжува и во денешно време.

Имено, пред неколку дена во оваа фабрика се појави новиот електричен автомобил "фиат гранде панда", во фабриката "Стелантис". Производството на овој автомобил значи и отворање на производни линии за производство на електрични возила.

Всушност, новиот  модел е направен во две верзии – електрична и хибридна и од Крагуевац првин ќе оди на европскиот пазар, а потоа и на Блискиот Исток и во  Африка, а тоа ќе значи фаќање добра позиција на курсните листи на српскиот динар и значително подобрување на трговскиот биланс на Србија.

Новата „панда“ спаѓа во аутомобили од Б сегментот, со должина под четири метри ((3,99 метари должина, 1,57  висина и 1,76 ширина)  и прва е во низата модели од новото семејство во кое секоја година ќе се лансираат нови модели, се до 2027 година.

Фабриката, за производство на овој модел се подготвувала две години. За тоа време се вложени вкупно 190 милиони евра, од кои 48 милиони има обезбедено државата.

Како што наведуваат производителие, "фиат гранде панда" означува враќање на италијанскиот бренд „Фиат“ на овие простори во производстово на фабриката од Крагуевац, а новиот автомобил се темели на три клучни столбови: италијанскот дизајн, на глобалната платфора и на локалните вредности.

Цената на моделот "фиат гранде панда", како што е наведено, ќе изнесува под 25.000 евра за целосно  електричната верзија. Тоа значи дека, со субвенцијата од  државата, моделот ќе може да се купи по цена пониска од 20.000 евра.

Всушност, автомобилската индустрија на Србија не е единствениот економски и извозен адут на кој се заработуваат девизи и се оддржува курсот на домашната валуте. Србија има глем број брендови во земјоделството во авионската индустрија, во машинската и др. Оваа наша северна соседска, која е на прво место во нашата трговска размена, направи голем исчекор во подобрувањето на патната сообраќајна инфраструктура, на железничката, на градежната идустирија, на земјоделството итн. Друго е прашањето за нејзината политичка ориентација и од каде доаѓаат кредитите, важно, според официјалните податоци, надворешниот долг на Србија изнесува околу 50% од нејзиниот БДП.   

Се разбира дека сиот овој текст мириса на споредба на нашата домашна инвестициона политика и односот кон  производните брендови и идејата за нивно пласирање на старснкиот пазар. Македонскиот извоз најмногу го крепат странските производители присутни во ТИРЗ-овите. Македонските земјодлески брендови одамна не се некоја значајна ставка во извозот - полињата се запустени, од индустриите што ги имавме како дел од југословенското индустриско портфолио, како ОХИС, Стаклара, Железара, Кожара, Алумина, ЕМО Охрид и други не остана ништо. Сега, земјата е на пат да се задолжи со огромни кредити, некои велат дека каматата е поволна (нема поволна камата, најевтин е сопствениот кеш!), но факт е дека надворешниот долг е проектиран на фантастични 68% од македонскиот БДП, што е голем ризик за финансискиот опстанокот на државата, односно за редовноста на исплатта на долгот.

Секоја нова власт, од осамостојувањето досега, ја пее истата песна, па нејзиниот референ стана здодевен, енозвучен – „сега ќе се донесе милијардата и земјата ќе се спаси од сиромаштијата“. Во тој занес на надеж никој не прашува како ќе се донесе, која е вистинската цена на тоа задолжување и дали тоа ќе го доведе во позитива нашиот патен биланс, или едноставно - дали ќе ни биде подобро. Досега сите надежи остана јалови. Кондицијата се троши на префрлање на вината на поранешните власти и така во недоглед, а за нов производ, како нов автомобил излезен од нашите фабрики, со кого ќе можеме да се гордееме, абер да се немало.