„Агенциите имаат свои предлози за тоа како да се подобри  оваа сфера од што корист ќе имаат сите што се наоѓаат во тој круг - работодавачите, агенциите, институциите...“, вели Саша Ристиќ, потпретседател на Федерацијата на приватните агенции за вработување.

 -         Како ја наплаќате вашата услуга?

-         Агенциите на македонскиот пазар функционираат  преку наплата на провизија. Има два система на наплаќање  - преку провизија и преку фиксна наплата на услугата. Во државниот сектор најчесто се користи системот на провизија. Во приватниот сектор се применува и системот на фиксна наплата на услугата за одредена работа што сме ја изработиле, дали тоа се однесува на наоѓање кадар и друго, сумите можат да варираат во зависност од тешкотијата во наоѓање на таков кадар, дали има потреба од едукативни процеси, дали треба да се одработи некаква административна работа битна за клиентот, дали се однесува на некоја специфична документација што треба ние да ја подготвиме и, норамлно, за секој договор за секој работник посебно се наплаќа.  За сите овие работи трошоците се собираат и се пресметува провизијата во целина.

-         Дали таа цена е прифатлива за клиентиите?

-         Ние наплаќаме 6, 7, 8 проценти провизија, ако побараме поголем процент сме изложени на критики  и полаки. Има коментари дека многу сме наплаќале! Треба луѓето да сфатат дека за секој работник треба да се подготви документација: договор за вработување, пријава во АВРМ, бнкарски сметки, трансакциски сметки, пресметка на платата итн, сите тие ставки посебно се наплаќат. Но, ако некој од нашите клиенти се обиде сам да ги средува тие документи ќе го чини многу поскапи и повеќе потрошено време.

-         Како се движат цените  во споредба со регионалните?

-         Реално гледано ние во Македонија имаме најниски цени во регионот. Во соседството цените се качуваат до 10,15,20,25 проценти привизија.

-         Од кого ја наплаќате провизијата?

-         Ние наплаќаме само од клиентот што бара услуги од нас, како на пример да му најдеме работници или за некоја од гореспоменатите услуги. Без ралика дали е јавна институција, или приватна компанија, таа провизија мора да се плати. Значи, тој што ја нарачува услугата, тој треба да ја плати. Ништо не смее да се наплати од работник. Ако сака работникот може да си плаќа дополинтелно осигурување во осигурителните компании, што воопшто не е некоја голема сума од 100 – 200 денари, а се однесува во случај да му се случи некоја незгода за време на работата. Повеќето работници, околу 90 проценти од нив, ја користат таа можност за дополнително осигурување. Ние, агенциите, во име на осигурителните компании ги информираме работниците за таа можност и не ја наплаќаме таа информација. Битна ни е безбедноста на работникот. Се случувале повреди при работата и по работата и работниците си наплаќале од осигурителните компании.  

-         Дали тарифата на сите приватни агенции за вравотување е иста?

-         Се појавуваат агенции што не го разбираат пазарот и овој вид работење, па ги спуштаат цените на услугите дури и под еден процент, но се’ што се работи за провизија пониска од 8 проценти е нерентабилно. Поради таа нелојална конкуренција ние буквално живуркаме, место да работиме со профит и да инвестираме во нова опрема, во нови работни места, да креираме нови услуги, да ја прошириме дејноста на трети пазари, од што државата ќе има поголем ќар.       

Во приватниот сектор висината на провизијата е  разлчна. Цените одат од 10 проценти па нагоре, 15, 19, 20 проценти. Приватните фирми плаќаат затоа што знаат колкав е проблемот со селектирањето на кадарот, знаат каков е тој процес, свесни се за процедурата. Ним им е најбитно да функционира нивниот колектив најдобро што може и да добијат најдобри резултати. Во државниот сектор тој момент го нема!

-         Како е можно тоа?

-         Државниот сектор на нас гледа, и така ни се обраќа, како на фирми кои само бркаат тендери, па така немаме некој продлабочен однос со јавниот сектор?

-         Каква е соработката државната агенција за вработување (АВРМ)?

-         АВРМ е централна единица во која ние, како агенции, мораме да ги пријавиме лицата. АВРМ врши само еден административен дел, тоа е, како што го нарекуваме ние „статистичко водење, системот е таму, а системот може да биде поставен така - за секоја агенција да може директно да пријавува и да одјавува. За жал, АВРМ се смета дека е таа што го контролира системот на вработувањата, како некое регулаторно тело. Тоа го прави системот полош за агенциите. За одредени работи ние можеме да пријавиме од самата наша канцеларија, а за други работи мораме да отидеме во АВРМ да приложиме одредена документација за да пријавиме некој работник. Сето тоа може да се измени и секоја агенција да може да ги пријавува работниците, а сепак да има контролно тело, дали тоа ќе биде АВРМ или некоја друга институција, тоа е работа на државата. Ние предлагаме таа контрола и одговорноста да биде на самите агенции, а надлежното Министерство за труд и социјална политика да ја врши контролата на работењето на приватните агенции за вработување. Во ова време на дигитализација тоа би го рационализирало работењето во целиот систем и би се намалиле непродуктивните кадри што го оптоваруваат системот.

-         Постои министерство за информатичко општество. Дали агенциите видоа некаква полза од работата на тоа министерство?  

-          Никаква полза од тоа не видовме. Ние плаќаме придонеси секој месец, а имаме проблем во самиот систем, кај луѓето. Иако системот е компјутерски, тој не е усогласен со работата на институциите. На пример, податоците за лицата што ги пријавувуаме во АВРМ, Управата за јавни приходи треба да ги добие на време, затоа што, кога ние ќе ја подготвиме платата, податоците треба да бидат соодветно прикажани. Во спротивно, ние мораме да најдеме некој познат човек во УЈП за да може да усогласи одредени податоци за лице кое нивниот систем го прикажува како непријавено, а е пријавено во АВРМ. Потоа, се’ уште има погрешни полиња за внесување на податоците во самиот сиситем; во поле за e-mail, ние ставаме даночен број! Така е поставен системот од 2006 година досега. Друго, пријавувањето не можеме да го направиме од друг град во Македонија, мораме да дојдеме во АВРМ во Скопје. Сите овие недостатоци можат да го средат програмери кои можат да се најдат во Македонија. Со усовршувањето на дигиталниот сиситем секој работник би можел да има увид во тоа дали му се платени придонесите за пензиско и инвалидско осигурување и на тој начин на време да реагира за на крајот на стажот да не се чуди дека има „дупки“ во уплатата на тие придонеси. Ние предлагаме во Министерството „трудот“ да се одвои од „социјалата“, зашто „трудот“ е сосем друга филозофија на размислување. Таа категорија треба да биде под министерстовото за финасии, на пример, или за економија, или за администрација, зависи од тоа каде има поинакво размислување во однос на стратегијата како да направиме подобра работна сила во Македонија, подобри услови за работа итн.

-          Дали висината на процентот што го наплаќате е иста   за носење работници од странство?

-          Кога се носат лица од странство, трошоците се погоеми. Тоа се трошоци за наоѓање работна сила од некој земја, трошоци за агенцијата од другата страна што го работи тој дел, потоа за транспорт, за сместување итн. Но, на дол рок тоа се исплаќа