Народот не е виновен за за нашиот општ неред. Песимистите би рекле дека од ова плошо не може да биде, а оптимистите дека може. Наивстина, народот има право кога вели дека може од лошо - полошо. Но, едно е факт дека македонскиот граѓанин е изгубен во сите сфети, во образованието, во здравството, во културата, во медиумите, никаде нема квалитет и принципи, ниедна служба не работи, сосојбата е БЕЗНАЕДЕЖНА. Расположението е на нула, нема општа радост, но најголем е проблем е што нема надеж! Немањето надеж е најголемата закана за здравјето за луѓето. Човековиот организам и неговиот мозок работат синхронизирано, па кога телото ќе добие негативни информации од својот мозокот, почнуваат да го напаѓаат лошите хемиски супстанци што ги предизикуваат најтешките болести, кои се’ повеќе завршуваат трагично. Манифестациите на климатските промени, што веќе интензивно се присутни на нашата територија, се дополнителен и се се’ поголем фактор за депресијата - пожари, суша, се помалку вода, уништени плодови - пазарот ужасно скап! До каде ќе оди ова? Нашата држава не само што нема одговор, туку се фали дека ни’ е добро. Зборува за некаква иднина која се повеќе личи на „годоовштина“!
Но, да не филозофираме многу, да земеме промери од обичниот живот. Најголемиот проблем во Скопје е сметот и градскиот превоз. Луѓето се соочуваат со силни закани од некави имагинарни органи, ако фрлат некој поголем отпад – градежен шут, на пример. Се разбира дека као некој реновира дека ќе „произведе“ шут и тој мора некаде да се фрли. Ако ве фатат дека го фрлате некаде, ве плашат со вискои казни, а ако ги прашате каде да се фрли никој не знае да ви каже. Низ градов крстосуваат разни индивудуалци фрлачи, кои за некој изгор сума ви се нудат да го фрлат ѓубрето. Но, немјоте да мислите дека тие го носат на некое специјално место. Не, тие тоа го носат покрај реките, или на некои скриени места, кои на прв поглед не можете да ги видите. Така Македонија се претвори во депонија од ендемски вид. Органите се токлу нејасни околу тој проблем, кој на читателот на овој текст ќе му изгледа банален, затоа што во споредба со другите негови маки, му изгледа минорен. Но, не заборавете дека од тие буништа доаѓаат мувите, глувците, комарците, за кои ние се жалиме секоја година се’ повеќе. Затоа, системите треба да се доведат во ред, да се сервисираат, да се подмачкаат за да работат како што треба. Секоја рѓосана карика ја отежува работата на синџирот.
Не го исклучуваме обичниот граѓанин од вината за гнасотијата на нашите градови, навиките се ужасни, но се набабрени поради отсуството на санкции. Па така, се повеќе се наминфестира нашата некултура, невоспитание, мрзливоста, неодговорноста, сфаќањето дека само дома треба да ни биде чисто, а надвор од нашата врата, можеме да фрламе што сакаме и кај сакаме.
Секој од нас бил сведок на безброј нарушувања на принципите на заедничката хигиена и тоа со зборови не може да се опише, ниту нормален мозок да го сфати. На пример: застанува мерцедес со германски регистарски таблички на семафор и од двете страни се отвораат задните прозорци и од двете страни се појавуваат раце што фрлаат по една корупка од банана на улицата.
За бучавата за џагорот на децата што играат топка и кршат или прозорци или цвеќиња на соседите, родителите на тоа гледаат со восхит, демек еве моето дете што е кадарно да направи.
За бучавата со разни разгласни уреди, да не зборуваме, особено во центарот на Скопје и во туристичките мсеста, Охрид на пример, во кои скапо платените квадрати сесега се промашена инвестиција за инвеститорот, затоа што локацијата на живеењето има своја скапа цена, особено со поднесувањето на таа врева и бучава, од која страдаат нервите и сонот, се намалува концентрацијата, се губи работоспособноста и телесната потенција.
И на крај, но не и најневажно, се пожарите. Никој нема да одговара за тоа што противпожарниот систем не се оддржувал, а камо ли да се надградувал. Маките од изгоремните шуми допрва ќе не стасаат, со загаден воздух од кој годишно во Македонија умираат над 2 илјади лица, одрони, свлечишта, порои, кислород...
Се добива впечаток дека никој никому не му може ништо. И тоа е точно. Во нас влезе голем страв од тоа што нема кој да не’ заштити. Секој од секого се плаши, особено ако знае дека другиот има фатено некоја политичка страна. Не мора да биде некој висок функционер, доста е да биде доушник и да дига чалам со тоа, денеска е тоа гордост, некогаш беше срам. Правото одамна е на страната на посилниот. Обичниот смртник нема шанси да добие судски спор со моќниците или тајкуните или со општината или со државата.
Народот е виновен само поради тоа што фрла карта на погрешен адут. А дали има вистински адут, тоа е најважното и најголемото прашање.