Името на младиот музиколог, Нора Бајрами, неодамна блесна во могу пријатна светлина при промоцијата на нејзиниот дипломски труд „Велко Тодевски: уметност и педагогија на контрабас“. Промотирите изјразија големи пофалби за содржината на монографијата, за систематичноста и за сеопфатноста на овој редок придонес во лепезата на нашите музички уметници и педагози, особено што доаѓа од еден млад и перспективени музиколог како што е Нора. Самиот професор, Тодевски, изрази воодушевување од содржината на книгата за неговата работа и за животот, што ни го пренесува Нора и рече дека „нема сретанто толку вреден, настојчив и темелен студент“  при подготовката на моноградијата. Нора Бајрами за „Анторис“  вели дека „за животот и дејноста на проф. Тодевски не пишувал никој досега, па тоа било причина и инспирација за неа да подготви дипломски труд во вид на монографија за еден музичар за кого имала слушнато многу убави работи.

·        Нора можеш ли да ни се претставиш, кој си и каде живееш?

- Живеам и родена сум во Куманово. Основно училиште и основно музичко училиште завршив во Куманово, додека средно музичко завршив во Скопје во “Илија Николовски-Луј” во отсекот музичар - теоретичар.

·        Како одеше твојот музички пат?

- Од 7 годишна возраст почнав да одам во основното музичко училиште и да свирам пијано – по предлог на мајка ми која сакаше да се занимав со уште нешто надвор од училиштето. Некако, кога дојде време за средно, мислата за да продолжам музичко беше природна и нефорсирана. Сакав, се’ уште сакам многу да читам, мe интересира историјата, историјата на уметноста и некако лигичо беше на факултет да ја оберам и да се определам за музикологијата. Тоа го доживеав како една плетенка на сите мои желби и интереси.

·        Зошто за дипломската работа го одбра токму професорот Тодевски?

- Темата за дипломскиот труд ми ја предложи мојата професорка, ментор на додипломските студии, проф. д-р. Викторија Коларовска - Гмирја. Јас до тогаш не го познавав  професорот Тодевски, бидејќи кога јас се запишав на факултетот, тој веќе беше во пензија. Ми беше чест и големо задоволство да пишувам за него.

·        Што откри при истражувањето на неговата биографија?

Имаше ли нешто што го откри ти, а што досега не било објавено за него?

- За животот и дејноста на проф. Тодевски не пишувал никој досега и дипломскиот труд некако беше вид на монографија за него. Во монографијата е опфатен целиот негов животен и работен век, од почетоците на неговото школување во Драчево, средно музичко во Скопје - патот до запишување на Музичката академија во Сараево, работата таму по  дипломирањето во оркестарот на Радио-Телевизија Сараево и во Музичката академија како професор по контрабас. Продолжува со неговата работа во Дубровник, како член на  Дубровничкиот симфониски оркестар, во кој работел 35 години секое лето. Враќањето во Скопје и работата во оркестарот на „Операта и балетот“, како професор во средното музичко и потоа и на факултетот за музичка уметност како професор по контрабас и камерна музика и особено за негова работа со камерниот ансамбл “Солисти на ФМУ”. При подготовката за оваа монографија направив интервју со дел од студентите на проф.Тодевски, кои сега се познати контрабасисти и водачи на групата контрабаси во оркестри во Македонија и надвор од неа, со неговите ќерки, Тијана и Тамара и со колеги со кои соработувал.

Значи, опишани се сите сегменти од неговиот живот, со убавите и тешките моменти низ кои поминувал.

Неговата работа, покрај тоа што е основоположник на изведувањето на контрабасот како солистички инструмент во Македонија, уште поголема е работата како педагог - со што може да се каже слободно дека ги поставил темелите, не само на изведувањето на контрсбас, туку успесите со камерна музика односно камерно музицирање со “Солисти на ФМУ” – на кои биле член додека студирале најголемиот број изведувачи кои сега работат во оркестарот на национална филхармонија и во оркестарот на „Национална опера и балет“ на Македонија.

 ·        Како ја прими тој твојата покана или предлог - наговата кариера да биде тема на твојата дипломска работа?   

- Соработката со професорот околу подготвувањето на трудот беше прекрасна и тој со големо задоволство прифати и ги сподели со мене сите моменти од неговиот живот. Имав пристап и до неговата лична архива - од каде ги зедов  најголемиот дел од фотографиите и артефактите. Тука сметам дека треба да спомнам дека е направена и дигитална база на податоци со артефакти добиени од архивата на проф. Тодевски и од други извори, меѓу кои од неговиот поранешен студент Денис Ајдуковиќ и од библиотеката на Факултетот за музичка уметност во Скопје.

·        Како ја доживеа промоцијата, дали беше возбудена, поради тоа што не е лесно на твоја возраст да собереш толкав број публика и да ги чуеш сите тие фалби за тебе како млад автор?  

- И додека траеше промоцијата, но и се’ уште сум  возбудeна и под импресија од целиот настан. Искрено не очекував дека ќе биде така прекрасно, имаше незаборавни момемти со една таква магична енергија и аура. Можеби поради фактот што стануваше збор за мојата прва книга, но и радоста и емоциите на професорот Тодевски рефлектираа низ целиот настан како и фактот дека професорот на промоцијата, со уште тројца басисти, свиреше на контрабас, овозможи тоа да биде така. Јас сум пресреќна