Се виде дека кредитните услови и цената на кредитот не и’ се јасни ни на самата власт која се задолжува со милијарда евра од една држава, а не од некоја меѓународна финансиска институција, што влегува во политичката сфера на односи и ја мати дури и водата во која сме запливале, односно усогасувањето со банкарската регулатива и начин на работа со европскиот.

Власта на големи ѕвона се пофали дека каматата на тој кредит ќе изнесува 3,25%, но изгледа не и текна дека тој кредит ќе мора да помине низ специјализирни компании за финансиски транскации, а тоа се банките, и дека тие ќе си барат пари за таа услуга. Службениците на тие банки ќе мораат да засукаат ракави и да работат прекувремено за да ги анализират податоците, да пресметуваат, да го проверуваат бонитетот на фирмите на кои им ги даваат парите, да прават проценки на нивната хипотекарна понуда, да го пресметаат процентот на ризичноста - невраќање на парите подради банкрот на одреден процент на тие фирми и тн. А можеби од нив ќе биде побарано на некои да им прогледаат низ прсти.  Сето тоа има цена!

Премиерот бара некаква општествена одговорност од нив, односно таа работа да ја завршат без да им се плати, во интерес на народот и на државата, демек - патриотски.

Од неговите изјави се гледа дека не му е јасно во каква „шема“ функционира македонскиот економски систем, во кој приватната сопственост е неприкосновена.

Во денешни услови тоа „општествена“ може да значи некаква си хуманитарна помош од стана на банките за некои ранливи социјални групи, но да се подарува дел од сопствениот прфит, тоа е неприфатливо за самите банки – приватни акционарски друштва, од кои најголемиот дел на странски инвеститори, ниту за малите акционери. Кој е тој што со мирна душа ќе се согласи да не добие дивиденда по нова година во интерес на некој клиент, па макар тој клиент да е државата.

Кога се простивме од општествената сопственост, преку криминалната приватизација ‘90тите години, влеговме во сиситем на капитална, приватна сопстеност, односно во капиталисктички начин на стопанисување, во кој  правилото: „ручекот мора некој да го плати“, или „брат за брат – сирењето за пари“ е модус вивенди на целата економија, односно „закон“.

Убедувањата со банките траат и оваа недела. Една банка се согласила да ја врши работата без пари. Мора да се знае зошто таа банка прифатила да и врши услуга на државата од љубов. Дали се работи за некој дил? Мора да се знае  каков е тој дил? Дали тоа значи ветување за протежирање на таа банка во бизнис зделките со некој партнер-инвеститор или во некои други меѓународни трансакции? 

Овие работи мораат да бидат транспарентни за сите сегашни и потенцијални штедачи, заради акционерите, заради рејтингот на банката на ранг листата на НБРМ и на листата на меѓународните финансиски институции и партнери. Тие сигурно ќе се прашаат, каква е таа банка што попушта пред притисокот на власта. Тоа може да ја одведе таа банка во црвено. Сегашнново барање жртва од банките во интерес на државата ќе предизвика „восхит“ кај ММФ и кај СБ од тоа - како сме успеале да се сетиме како да ја прикриеме вистинската цена на унгарскиот кредит. Тие веднаш ќе го разгледаат бизинис рејтингот на Македонија, од што зависи приливот на странски инвестиции, односно на задржување на странските инвеститори во земјава.

Едно е општествена – друго е државнича одговорност

Одговорноста на комерцијалните банки е пред нејзините  акционери, кои инвестирале за да ги оплодат своите пари, односно да земаат дивиденада, а државничаката одговорност е кај државата.

Премиерот вели дека по толку земање од страна на банките од народот, сега било ред да му се врати некој износ. Банките не му одземаат на народот, со сила не го тераат да ги депонира своите пари кај нив.   

Државата е таа што му ги зема парите на народот преку даноци и казни и тоа со примена на законска сила, а не му враќа доволно, што е потврдено од страна на сите органи на Европската унија под ставката „корупција“. Тоа се гледа во процентот на реализација на капиталните инвестиции, во недоволната помош на земјодлеството и незнаењето како да се зголеми произовдството, па сега увезуваме инфлација заено со странские домати, жито, и другите основни производи, а сиромаштијата расте ли расте. 

Впрочем, не е чудно што власта бара начини да ја оствари својата цел, власта е секогаш нахална и бескрупулозна, „васта е власт – сласта е сласт“, чудно е што банките веднаш не го отфрлија барањето воопшто да преговараат за таа работа. За таа работа не се преговара, туку се кажува цената. Ама, штом се фатиле на орото можно е и тие да не го предвиделе исходот за нивната доверба кај граѓаните.