Преку Coface до сигурни бизнис партнери, односно до проверени, реални финансиски податоци за новите деловни соработници, без да влегувате во непотребен ризик. Детални финансиски анализи и проценка на ризикот се неопходни за секоја компанија која сака да го прошири своето работење не само на домашниот пазар, туку и вон границите на матичната земја. Како на тој пат да се дојде до релевантни бизнис партнери, како компаниите да се информираат за квалитетот, стручноста и финансискиот бонитет на својот соработник, како да ја осигураат својата пазарна стока, во интервју за Анторис говори Горан Николоски, директор на „Интеркредит“ и официјален претставник на COFACE во Македонија.

 

Преку Coface до сигурни бизнис партнери

Која е компанијата Coface, каде почнува оваа приказна и во кои земји функционира?

На листата на светски финансиски институции Coface постои уште од 1946 како осигурителна компанија за кредитен ризик. Во земјава постои дваесетина години. Успешно функционира и ги нуди своите услуги на многу македонски компании и им овозможува успешно и полесно да дојдат до странските пазари. Денес Coface е присутна во приближно 100 земји со портфолио од 50.000 клиенти.

Coface Select Premium- за нови деловни партенри


Која е основната функција и за што се залага компанијата?

Coface групацијата, преку нивната централа за Западен Балкан со седиште во Загреб, Хрватска, изготвува детални анализи за фирмите увозници и извозници. Со овие анализи, Coface изготвува осигурителни полиси, кои потоа се користат како осигурување од ризик при трговија.

„Интеркредит“ е домашна компанија која е официјален и ексклузивен претставник на Coface групацијата во земјава. Како компанија нудиме голем број производи за деловна сигурност.

Нашиот иновативен онлајн производ, Coface Select Premium, особено е корисен за компании кои работат увоз и извоз и кои бараат нови деловни партнери. Нудиме 24 часовен мониторинг на постојните клиенти или купувачи, за компании од 28 земји, за кои се подготвуваат стандардизирани извештаи. Coface прави проценка на компанијата или обезбедува информации за која било од 43-те милиони компании од светот, достапни каде било и кога било.

Основното мото на компанијата е градење на заеднички бизнис на пазарот. Што значи ова за компаниите. Какви решенија им нудите?  

Потребата од финансиска анализа е неопходна за секој бизнис сектор. Во Македонија сé уште, не постои доволна свесност за оваа потреба и за значењето од овие проценки.
Заеднички пристап на пазарат подразбира следење и советување во портфолиото кое компаниите го имаат во и надвор од Македонија. Ова значи дека Coface, преку бонитетните извештаи кои ги доставува до компаниите, практично ги советува на чекорите како да избегнат потенцијален ризик и во делот на осигурување од ризик на ненаплатливи побарувања.

Кредитното осигурување и управување со ризици


Coface е референтно име во кредитното осигурување и управување со ризици. Созреан ли е амбиентот за овие услуги меѓу македонските компании?

Во моментот тоа е на незадоволително ниво и секогаш постојат можности за негово подобрување. Сепак, ме радува што свесноста за осигурување, од година в година, се зголемува и се надевам дека ќе го стигнеме европскиот тренд, каде што се осигурува речиси секоја бизнис соработка.

Значи, наша цел е да им помогнеме на македонските компании внимателно да го изберат својот вистински партнер за соработка од странство. Ние им даваме кредитен извештај (бонитет) за потенцијалниот странски партнер. Додека раководството на домашната компанија финално одлучува дали ќе соработува со таа компанија. Нашите услуги превентивно помагаат од измами во сферата на бизнисот.

Што значи партнерството за осигурување на трговски кредит? Кои се бенефитите за компанијата ако го користи ова осигурување?

Осигурувањето преставува најбезбеден и најсигурен начин на соработка со идни или сегашни партнери. Компаниите кои вршат извоз, транспорт на стока или какви било други услуги или увезуваат стока од непознат клиент, може своето побарување да го осигурат или едноставно да проверат дали податоците кои ги добиле од странската компанија се вистинити.

Со осигурување, компаниите добиваат сигурност при наплата. Во исто време добиваат на конкурентност, бидејќи со осигурувањето, компаниите може да понудат и да прифатат одложено плаќање, без потребата од дополнителни трошоци. Мониторингот на компаниите овозможува увид во промените и тековите и навремено информирање за несаканите промени во капиталот или ликвидноста.

„Интеркредит“ работи во полза на компаниите


Какви други услуги добиваат компаниите со вашето партнерство?

Coface, преку Интеркредит, нуди проверка на потенцијалните или сегашните странски партнери на македонските компании. Потоа наплата на побарувања кон странски компании и осигурување при експорт. Овие продукти треба да ги добиваат и да ги имаат сите компании во земјава, затоа што „Интеркредит“ работи во нивна полза. Кога велам компании, во мислите ги имам и другите форми на организации, кои соработуваат со странски партнер. Како што се разни граѓански организации, разни проекти, фондации, тинк тенк организации и здруженија.

Дали компаниите ги препознаваат можностите што им ги нудите?

Да, секако. Од година в година се повеќе добиваме барања за изготвување извештаи за странски компании. Тоа значи дека домашните правни лица полека и сигурно прифаќаат европски трендови при започнување на бизнис соработки. Оваа бројка уште (ќе) расте.

Што ќе им порачате на домашните компании. Зошто да го изберат Coface за партнер?

Пред се, навремено да бидат информирани, затоа што вистинската информација во право време е непроценлива. Со услугите на Coface, компаниите имаат увид во географскиот ризик, ризикот во секторите на бизнисот и алатките кои придонесуваат во донесување на вистинската одлука.

М. Балдазарска