Шеснаесеттиот самит во регионот Казан во Русија заврши во четвртокот со неколку случувања и соопштенија. Едно од нив е соопштението за прифаќање на 13 нови земји како „партнери“, со што влијанието и големината на групацијата се зголеми.

Покрај десетте членки на БРИКС (Бразил,Русија,Индија,Кина,Јужна Африка и подоцна вклучените: Египет, Етиопија, Иран, Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати) нивни партнери станаа и: Алжир, Белорусија, Боливија, Куба, Индонезија, Казахстан, Малезија, Нигерија, Тајланд, Турција, Уганда, Узбекистан и Виетнам. Овие партнерски земји на крајот ќе станат полноправни членки на БРИКС.

На самитот, поранешниот главен економист на Голдман Сакс, Џим О’Нил, кој всушност го измисли акронимот „БРИКС“ го изложи своето истражување за глобалната економија во 2001 година, и зборуваше за претстојната заедничка валута на блокот за време на интервју за Business Today.

Меѓу првите случувања беше и макетата на валутата на БРИКС, претставена пред  Владимир Путин, што ја симболизира потребата од заедничка валута. Алијансата планира да го намали ослободувањето од американскиот долар и да ги врши плаќањата во заедничката валута.

Меѓутоа, О’Нил е скептичен во однос на иднината на оваа валута. Тој, како што стои во соопштенијата од БРИКС објаснува дека не може да го продолжи својот глобален план без помош од САД и Европа. Слично на тоа, додаде дека и САД и Европа не можат многу да направат во источниот регион без помош од Кина, Индија и во помала мера Русија и Бразил.

О’Нил нагласува дека валутата на БРИКС ќе остане „далечен сон“ поради внатрешните поделби кои го отежнуваат блокот. Државите-членки стојат обединети на самитите, но се повлекуваат во национализам кога станува збор за заштита на своите граници и финансии. Пример за тоа се Кина и Индија, кои и понатаму имаат гранични спорови и трговски бариери.

Поранешниот економист на Голдман Сакс рече дека „групата постигна многу малку во последните 15 години“. Тој додаде: „Денот кога Кина и Индија ќе успеат да ги надминат долгогодишните конфликти и ќе соработуваат за големи прашања, тогаш ќе имам различен став и ќе сметам дека заслужуваат место во глобалната организација. Моментално, не ми изгледа дека тој ден е блиску,“ истакна тој. Затоа, според него, валутата на БРИКС која ќе доминира глобално ќе остане нереална цел, бидејќи блокот не е доволно обединет.

Десетте членки на БРИКС ( Бразил,Русија,Индија,Кина,Јужна Африка и подоцна вклучените: Египет, Етиопија, Иран, Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати) сега сочинуваат повеќе од една четвртина од глобалната економија и речиси половина од светското население. Групата е подготвена да изврши влијание врз војните во Појасот Газа и Украина, обликот на глобалниот економски систем, конкуренцијата меѓу Кина и Западот и напорите за транзиција кон чиста енергија.

Според Economist Intelligence Unit (EIU), по 2045 година, големината на економиите на земјите од БРИКС + ќе ги надмине економиите на Г7, бидејќи јазот меѓу овие економии постепено се намалува.

Во 2020 година, земјите од БРИКС (Бразил, Русија, Индија, Кина и Јужна Африка) ги надминаа земјите од Г7 во однос на глобалниот бруто домашен производ (БДП) проценет преку паритетот на куповната моќ (ППП). До 2023 година, овој диспаритет се прошири, при што БРИКС колективно контролираше 32% од светскиот БДП.

На пример, во 2020 година, големината на економиите на земјите од БРИКС + беше 20 трилиони долари, додека на членките на Г7 беше 40 трилиони долари. EIU проценува дека до 2025 година, економиите на БРИКС + ќе достигнат 30 трилиони долари, додека економиите на Г7 ќе надминат 50 трилиони долари. Во 2030 година, оваа бројка ќе биде 40 и 60 трилиони долари, соодветно.

Според познавачите на состојбите, во 2040 година разликата постепено ќе се намалува, а во 2045 година производството на бруто домашниот производ на двете групи земји ќе биде еднакво на 100 трилиони долари. Исто така, значењето и улогата на Индија во БРИКС+ дополнително ќе се зголемуваат како што расте економијата.