Volkswagen во Цвикау ќе произведува само електрични автомобили. Имено компанијата започна со производство на целосно електрични автомобили ID.5 и ID.5 GTX во фабриката во Цвикау.

Volkswagen во Цвикау ќе произведува само електрични автомобили

Германскиот автомобилски гигант целосно ја трансформираше фабриката за потребите на производството на овој и на другите електрични модели. Овој модел на ID.5 се базира на електричниот SUV модел ID.4, кој доби каросерија „купе“.

Планирано е ID.5 и ID.5 GTX првично да се продаваат на европскиот пазар, а подоцна да стигнат и во некои други делови од светот.

На клиентите им се достапни неколку автомобилски конфигурации, но сите модели користат батерија од 77 kWh. Почетната верзија со ознака Pro има 172 КС и 310 Nm вртежен момент.

Моќта се зголемува до 201 КС и 310 Nm во опцијата Pro Performance, а на врвот на гамата е верзијата GTX со два електромотори - предниот дел од 108 КС и 162 Nm и задниот дел од 201 КС и 310 Nm. Вкупната комбинирана моќност е 295 КС.

Volkswagen тврди дека Pro и Pro Performance имаат проценет опсег на WLTP до 520 km, додека GTX со полна батерија може да помине до 480 km.

Со цел да се трансформира фабриката во Цвикау за потребите на производството на електрични автомобили, од 2018 година се потрошени околу 1,2 милијарди евра. Голем дел од оваа инвестиција отиде за подобрување и проширување на лимарската работилница, која е 90 отсто автоматизирана.

Volkswagen вели дека фабриката во Цвикау е првата „голема фабрика на кој било производител ширум светот што го префрли целото производство од возила со погон на SUS мотори на чисто електрични возила“.

Во погонот моментно се изработуваат шест електрични модели на VW Group, вклучувајќи ги ID.3, ID.4, Audi Q4 e-tron, Q4 Sportback e-tron и Cupru Born.

VW ја удвои продажбата на електрични автомобили во 2021 година

Германскиот автомобилски гигант минатата година забележа пад на вкупната продажба на автомобили за 4,5 отсто, иако, електричните автомобили имаа одличен резултат и голем скок во продажбата, во однос на 2020 година.

Групацијата VW беше и најголемиот дилер на електрични автомобили во Европа, пред Тесла.

Кога станува збор за поединечни модели, најбаран во 2021 година беше Volkswagen ID.4, со испорачани 119.600 единици, следен од Volkswagen ID.3 со 75.500 возила.