Тоа што минатиот месец (09.05.2024, во насловот „Борба за буџетот“) го тврдевме дека сета (пред)изборна борба не е борба за да му се удоволи на народот, туку лична борба за буџетот, ноќта, меѓу 7 и 8 јуни, се потврди на речиси тајната седница на собранието на која со двотретинско мнозинство новата власт го усвои новиот Закон за реорганизација на министерствата. Па така, новата влада ќе има 20, наместо досегашните 16 министерства.

Законот доби поддршка од дел од пратениците на „Европскиот фронт“ предводен од ДУИ, која со таа подршка со шепотење „соопштува“ дека и таа ќе добие дел од колачот, наречен буџет, односно власт!!! Всушност, соопштува дека ќе добие министерства во кои ќе може да им го продолжи раатот на нејзините елитни кадри и да ги стави под суво, затоа што од долгогодишното лежење под сенка и примање огромни плати, не знаат да работат ништо друго, освен да дуваат  политички балони и со тоа најчесто да го иритираат сиромашното население, на кое ни малку не му е дојдено до политка, туку, верувајте, до корка леб!

Всушнот, новата власт, на тајната ноќна седница го  воспостави континуитетот на своето претходно владеење – масовно партиско вработување, најчесто нестурчно, бркање од работа на ненивни кадри, грабање преку тендери наместени на свои блиски фирми и други разни начини на празнење на буџетот. Големо прашање е зошто седницата  се оддржа во ниедно време, кога сите спијат и малкумина можат да ја гледдаат?         

Новата враст уште на првата седница покажа дека нејзината намера не е економскиот развој. Таа и во предизборитето немаше ниедна јасна идеја како да се спроведе тој, туку само имаше едно смешно и лажно ветување дека веданаш ќе се донесе некаква милијарда од некоја пријателска земја!!! Да нагласиме дека тоа е сосоема надвор од економската логика, затоа што владите, освен тие што контроираат се’, од поликитка, економија, војската, филмот, интернетот, литературата, сликарстовот итн., не даваат кредити, туку тоа го прават финансиските институции. Никој досега не ја дозна вистинската, конзистентна и здрава економска логика на некаков план за рзвој и за ислез на земјава од длабоката економска криза во која живее 90% од населението, а земјава се ранзгира меѓу најсиромашните земји во светот.

Со првичниот потег, новата власт навестува дека нема намера да почне да спроведува вистински економски мерки, структурни реформи, енормно зголемување на инвестициите во науката, создавање македонски брендови што ќе донесат девизен прилив и ослободување на вештачкиот курс на денарот.

Новата власт контрира, не само полтички, туку и економски, наспроти сите извештаи во кои константа е императивот за намалување на администрацијата. Таа на првата седница донесе закон за нејзино зголемување. Од каде ќе најде пари за исплата на високите плати – таа си знае, таа која најмногу го критикуваше процентот на надорешната задолженсот.   

Дефицитот во буџетот во 2024 година од страна на фискалната власт е проектиран на 3,4% од БДП!!! Значи ќе има потреба од зголемување на тој дефицит и набргу ќе следува ребаланс на буџетот.

На ова слободно можеме да додадеме дека македонската власт нема да преземе ништо за да ги олесни тешкотиите што ги наметнува светската рецесија, туку да го јава бузџтот и да го молзе, дека Македонија ќе стагнира во развојот, дека нема да дочекаме да видиме барем приближен европски стандард. Никаде не се покажало дека поголемата администрација е поефикасна, наприотив, таа ќе стане уште поинертна, ќе го јавне граѓанинот, кој и така тешко може да ги добие нејзините услуги за документи, за лечење, за правда, во образованието, во катастарот и тн.  

Ќе следат фалби за зголемување на минималната и на просечната плата, а никој нема да кажува дека тој просек се вади токму од платите на администрацијата и од платите на добростоечките компании, дека ретко кој ја зема таа плата, а дека огромното мнозинство живее во сиромаштија.  Уште ако таа лакомост за буџетот ја натера новата власт да ги зголеми даноците или да ја прошири даночната основа – тогаш ќе биде вистиснкиот крај!