Aston Martin Valhalla – хибриден ѕeвер со моќност од 950 КС . Британскиот производител претстави сериска верзија на својот нов хиперавтомобил.

Долго очекуваниот Астон Мартин Валхала (Aston Martin Valhalla ) дебитираше неделава.

Производителот го избра името на новиот хиперспортски модел  пред неколку години, кога го заштити во Европската канцеларија за интелектуална сопственост.

Тоа е второ име во серија, по Валкири (Valkyrie), што британскиот производител ќе го земе од нордиската митологија -Valhalla (Valhala) што означува место каде се закопани воините убиени во борбата.

За самиот автомобил во медиумите се зборуваше во последните две години, уште од женевскиот авто-салон во 2019 година, кога беше претставен концептот AM-RB 003, а сега конечно можеме да ја видиме и сериската верзија.

 Хибриден погонски агрегат

Како и некои други производители на суперавтомобили, како Ферари, Мекларен и Порше, и Астон Мартин за својот модел избра хибриден погонски агрегат кој обезбедува вкупно 950 коњски сили.

Срцето на погонската единица е 4.0-литарски твин-турбо V8 развиен од Mercedes-AMG. Само овој мотор испорачува импресивни 750 КС (551 kW) при 7.200 вртежи во минута.

На бензинецот му помагаат пар електромотори со вкупна моќност од 204 КС (150 kW). Така што хибридниот систем ги произведува гореспоменатите 950 КС (698 kW) и 1.000 Nm.

Ако моторот е позајмен од Германија, менувачот е британски. Станува збор за осум-степен автоматик со двојна спојка. Тоа овозможува Валхала да достигне 0-100 км / ч за само 2,5 секунди. Додека максималната брзина на автомобилот е 350 на час.

Ако се вози исклучиво на електрична енергија, Aston Martin Valhalla е способен да развива максимум 130 км на час. Но со таа брзина може да се вози електричен погон на максимум 15 км.

Хиперавтомобилот  ќе биде тестиран

Инаку, британскиот производител планира да ги тестира можностите на својот хиперавтомобил на Нирбургринг, каде што очекува резултат за помалку од  шест минути и 30 секунди.

Цената сè уште не е објавена. Но, пред две години, Астон Мартин објави дека се планира ограничена серија од само 500 примероци. А тогашната најава беше дека ќе се продаваат по почетна цена од околу 1.000.000 евра.

 

Leave a Comment

You must be logged in to post a comment.