Анторис

За нас

„Анторис“ е тим на професионалци чија дејност во полето на човечките ресурси и услуги датира од 2000 година. Во текот на изминатите години, ги извршувавме нашите услуги по највисоки професионални стандарди за квалитет и успевме да изградиме партнерски односи со нашите клиенти и кандидати кои траат долго.
Да бидат конкурентни учесници на динамичниот пазар е наша должност. Следејќи ги потребите на своите клиенти, „Анторис“ успеа да ги постави четирите основни столбови врз чија основа денес ги развива своите услуги. Тие се состојат од современ и ефикасен систем на регрутација и селекција на кадри, едукација и развој, сметководствени услуги и маркетинг, што претставува сестран пристап и иновација со која сме чекор напред од досегашните практики на outsourcing и staffing сервисните служби.
Она што нѐ прави успешни е нашата автентичност и цврстите врски со сите партнери. Ние ја цениме тимската работа и имаме сериозен пристап во работењето, а дадените ветувања ги исполнуваме со страст и посветеност. Нашиот тим континуирано има можност да работи со најдобрите компании и со мноштво талентирани луѓе, со кои заедно креираме подобри можности за целата заедница. Ние веруваме во човечкиот потенцијал и во потенцијалот за развој на секоја компанија. Постојано инвестираме во надградување и внесување иновации и тоа го пресликуваме во нашите активности. За нас клиентите и кандидатите се на прво место. Ги третираме со почит и интегритет, а тие ни враќаат со долгогодишна доверба и лојалност.
Ние се стремиме кон најдоброто. Цврсто стоиме на ставот дека нашите клиенти ги заслужуваат најдобрите практики кои се проверени и ефикасни. Преку развиениот систем и интегрираните услуги од четирите столбови, нашите клиенти се чекор пред другите. Наша цел е нашите клиенти и кандидати самите да станат предизвик континуирано барајќи можности за подобрување и иновација.

Зошто ние

Во бизнисот привлекувањето кандидати, бизнис партнери и потрошувачи секогаш преставува огромен предизвик. Во новата информатичка ера печатените хартиени информатори се минато. Денеска луѓето бизнис препораките ги пребаруваат исклучиво на интернет. „Анторис“ за вас го креира Antoris Golden Catalogue кој преставува простор за маркетиншка промоција на вашиот бренд, кој во основа е интернет бизнис директориум, адресар и телефонски именик. Преку нашиот широк директориум, кандидатите, бизнис партнерите и потрошувачите можат да се промовираат, поврзуват и да соработуваат на секое место и во кое било време. Пронајдете го токму она што ви треба, со вистинскиот партнер. Брзо, паметно и многу поефикасно од претходно. Динамичниот комуникациски каталог ќе ви овозможи линк и партнерски однос со сите значајни учесници на пазарот за вашиот бизнис.

Контакт

Полн назив на компанијата:

Приватна агенција за вработување АНТОРИС Скопје

Дејност:

78.20 Дејности на агенциите за привремено вработување

Даночен број:

4080010513900

Матичен број:

6616755

Адреса:

Мајка Тереза 44, 1 спрат 1 Скопје, Скопски 1000 MK

Број на вработени:

10 - 15

Електронска пошта (Email):

kontakt@antoris.mk

Телефон:

02 3104604

Телефон:

02 3104605

Мобилен:

071223868

Веб страна:

За компанијата:

Брендирањето на една компанија не се однесува само на производите и услугите кои таа ги нуди, туку и на квалитетите кои ги поседува работодавецот во однос на вработените и на соработниците. Овие квалитети се она што ја издвојува вашата компанија од конкуренцијата и ја прави посакувано место за потенцијалните кандидати за работните позиции, како и за идните бизнис соработки и продажби. „Анторис“ е тука за да ви помогне да се поврзете со кандидатите презентирајќи им оригинална содржина, покажувајќи им го духот на компанијата и профилот на луѓе кои најдобро ќе се вклопат во конкретната работна средина. Нашата компанија ви нуди можност за различна маркетиншка презентација на вашиот бренд.