ПРЕБАРАЈ ФИРМА
Filters
Пребарување
Рок: 23.8.2020

О Г Л А С

ЗА РАБОТНО МЕСТО

Автомеханичар за работа во Сектор механизација - 1 (еден) Извршител,
со следниве,

Неопходни компетенции:

  • Средно образование од техничките струки;
  • Со работно искуство најмалку 2 (две) години како автомеханичар (предност ќе имаат кандидатите кои имаат работно искуство како механичар на тешка механизација);
  • Основни познавања на англиски јазик;
  • Работа со компјутери;
  • Поседување возачка дозвола Б категорија.

Работниот однос се заснова на определено време во траење од 3 (три) месеци, со можност за продолжување на договорот.

Одговорности и задачи:

  • Дијагностицирање на дефекти на деловите и системите во возилата (лесни и тешки товарни возила) и градежни машини/тешка механизација;
  • Поставување на неопходните механички делoви;
  • Демонтажа, поправка и замена на дефектните делови;
  • Поставување на амортизерите;
  • Поставување на пневматски делови;
  • Полнење на инсталацијата со компримиран воздух и проверка за истекувања;
  • Прилагодувања на воздушната суспензија и проверка на нејзиното функционирање;
  • Полнење со (масла, гориво и течност за ладење);
  • Старт на моторот, следење и поправка на можните дефекти;
  • Прилагодувања на моторот, менувачот, хидрауличниот и пневматскиот систем;
  • Поставување на изолација во просторот каде се наоѓа моторот (изолација, заштитни плочи);
  • Центрирање на суспензија и управување, тестирање на сопирачките на место за тестирање;
  • Читање на техничка документација и;
  • Останати одговорности и задачи по налог и упатства на непосредно претпоставениот.

Очекувани вештини и способности:

  • Организациски и комуникациски способности;
  • Способност за самостојно и независно работење;
  • Работа во тим и работа под притисок;
  • Прецизност, точност, аналитичен пристап во работењето.

Дневното работно време на работникот е од 8 часот до 16 часот.
Неделното работно време изнесува 40 работни часа (од понеделник до петок).

Огласот трае 30 (триесет) дена од неговото објавување.

Изборот на кандидатите ќе биде извршен согласно член 23 од Законот за работни односи.

Ве молиме во предметот на пораката задолжително наведете ја работната позиција за која што аплицирате.

Само кандидатите кои ги исполнуваат условите ќе бидат повикани на интервју.
Сите пристигнати биографии ќе се третираат со максимална доверливост.

Познавате некого кој би бил одличен за ова работно место?

Проследете му го огласот!

Запознај го работодавачот
Градежен институт МАКЕДОНИЈА АД