Момчило Бајагиќ – Бајага е годинешниот лауреат на наградата „Струни од светло“, која седоделува за посебен придонес во афирмацијата на поетскиот збор во блуз и рок музиката.

Наградата ќе му биде доделена на 26-ти јуни во Нови Сад, во Српско Народно позориште, во рамките на актуелново „Стеријино позорје“.

На Бајага признанието ќе му биде врачено на последниот ден од 66-то издание на традиционалната манифестација „Стеријино позорје“, додека првиот фестивалски ден ќе биде изведена култната „Госпоѓа Министерка“ за која токму Бајага ја потпишува музиката.

Наградата ја доделува фондацијата „Саша Радоњиќ“, новосадски писател, музичар и издавач. Покрај основачите, во жирито се и претседателот Богица Мијатовиќ, угледен музички новинар и публицист, и д-р Мирослав Радоњиќ, директор на „Стеријиното позорје“. Лауреатите, покрај плакетата, добиваат и електрична гитара од колекцијата на Саша Радоњиќ.

Претходни добитници на наградата се Звонимир Ѓукиќ Ѓуле, Милан Кораќ, Никола Врањковиќ, Краj Чачка и Милош Зубац. Почесното признание му беше врачено на Слободан Тишма, а статуетката „Светлина од струните“ за нови автори, на Марко Алексиќ, од групата „Неми песник“. Оваа година ќе се појави книга во која ќе бидат претставени сите претходни лауреати.

Годинешново жири едногасно се согласи за лауреатот, а неговото дело го окарактеризираа со зборовите:

– Микро-поетски слики на изразена сугестивност, кои се реализираат претежно минималистички, односно на мал простор, но со виртуозна лирика техника за пишување песни. Бајага е всушност „Единица за креативност во современата музика во поширокиот регион“.

Leave a Comment

You must be logged in to post a comment.