ПРЕБАРАЈ ФИРМА
Filters
Пребарување
БАЛКАН ЕНЕРЏИ ГРУП АД Скопје
БАЛКАН ЕНЕРЏИ ГРУП АД Скопје

За нас

БАЛКАН ЕНЕРЏИ ГРУП (БЕГ) е компанија во приватна сопственост, регистриранa во Република Северна Македонија како Акционерско друштво со различни дејности во енергетскиот сектор. Друштвото е основано во 2012 година и од самиот почеток евидентен беше порастот на интензитетот и динамиката на дејствување,при што се постигна значителен успех во реализацијата на почетната претприемничка идеја.

Носечката дејност на Душтвото е во домените од енергетскиот сектор – инвестиции, производство, трговија и консултантски услуги.

Интересот на Друштво за инвестиции се движи од енргетски проекти на Балканот, вклучувајќи електрани кои работат на природен гас, електрани кои работат на јаглен, хидроелектрани и електрани кои работат на обновливи извори на енергија. БЕГ веќе учествуваше во развојни и тендерски процедури за неколку енергетски проекти во регионов.

Нашата инвестиција во обезбедувањето на греење за повеќе од 50.000 корисници во Скопје има за цел зголемување на квалитетот на топлината обезбедена за корисниците и обезбедување на доверливост во снабдувањето со топлина преку зголемување на ефективноста и ефикасноста на производството, дистрибуцијата и снабдувањето со топлина.

Ние ја координираме работата на дистрибутивниот систем и ТЕ-ТО АД Скопје е насочен кон постигнување на максимален ефект на енергетските системи, зголемен квалитет на енергетските производи и оптимални трошоци во корист на клиентите.


Контакт

БАЛКАН ЕНЕРЏИ ГРУП АД Скопје
515, Бр.6, Скопје – Гази Баба
Град: Скопје
Вработени:
Даночен број: MK4043012511740
Матичен број:
Телефон: 02/3076 200
Мобилен: 076 350 567
Веб адреса: http://balkan-energy.com/
*Корисникот што не контактира е согласен со правните информации.

Социјални профили на БАЛКАН ЕНЕРЏИ ГРУП АД Скопје