Во Брисел започна 15-от фестивал за култура и уметност на балканските земји, Balkan Trafik! чија целата програма ќе биде онлајн.

Мулти-уметничкиот фестивал ќе трае до 25 април и ќе може да се следи преку новата мобилна апликација и веб-страницата на фестивалот. Во согласност со својата репутација, Balkan Trafik! ќе укаже на разновидноста на балканската култура преку широк спектар на уметнички дисциплини.

Предвидено е да се прикаже документарната серија „Балкан што?“ (Balkan What?), изложби и бројни дебати.

Важна компонента на Balkan Trafik! е музика и сите концерти ќе бидат пренесувани во живо.

Меѓу потврдените учесници се и Дубиоза Колектив, Стерео банана, Шантел и Буковина клуб оркестар.

Како што е најавено, на фестивалот ќе бидат претставени и две уникатни џез и рок креации кои ќе ги соберат најдобрите белгиски и балкански уметници, како и меѓународни уметници како Ибрахим Малуф и Ампаро Санчез.

Leave a Comment

You must be logged in to post a comment.