Белград – меѓу 20-те идеални дестинации за дигитални номади. Со преетставување на BelgradeGets.digital, од иницијативата за „Дигитална Србија“ и Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), белград се најде н амапата на Nomad List. Веб-страницата го промовира Белград како привлечна дестинација за животот и работата на дигиталните номади и други дигитални професионалци од целиот свет.

Во очекување на смирување на пандемиската состојба, се повеќе земји започнуваат меѓународна промоција насочена кон дигитални номади – меѓу нив егзотични туристички дестинации како што се Барбадос и Костарика, но и европски земји како Чешка и Естонија, или Хрватска и Црна Гора од непосредното соседство.

Дигитални номади- „работа од каде било на планетата “

Преку иницијативата BelgradeGets.digital, која потекнува од домашната српска дигитална и стартап заедница, Белград започнува да ја брани титулата една од 20-те најпопуларни дестинации според корисниците на Nomad List.    Тоа е страница што ја обединува најголемата мрежа на дигитални номади во светот. Идејата на овој проект е да го претстави Белград во ново светло пред оние кои можеби не се гледаат себеси како дигитални номади, но сега одлучуваат да ја заменат ново стекнатата можност за „работа од дома“ со „работа од каде било на планетата ”

Како почетна точка во развојот на дигиталната платформа „БелградГетс“ и позиционирање на Белград на дигиталната мапа на светот, постои заедничка иницијатива иницирана и развиена од „Нова Искра“, Фондацијата SHARE и „Стартит“.

Практични информации

Веб-страницата им дава на посетителите практични информации и совети за тоа како да патуваат, каде да останат, како да најдат место за работа, но и пријатна средина за одмор. Постојат и препораки за културна содржина и локална храна што треба да се испроба.

Исто така, обезбедува поддршка на клиентите во форма на бесплатни ваучери. Тие можат да се користат за консултации со адвокати и сметководители за административните процедури што ги очекуваат. Оваа веб-страница на  корисниците им ги презентира искуствата од другите дигитални номади од целиот свет кои веќе престојувале во Белград. И тоа како преку видео интервјуа, така и преку директен контакт со оние кои се приклучиле на мрежата на „амбасадори на Белград“.

Развојот на страницата беше проследен со истражување и тестирање на впечатоците од оние номади кои веќе биле во Белград. Но, исти така и бројни разговори со номади кои досега не ја посетиле Србија. Резултатите од истражувањето се обавени во извештајот „Дигитален скенер за номади“.

Динамичен визуелен идентитет

„Пандемијата и теле-работата доведоа до преиспитување на тоа како ќе изгледа работата во иднина. Како ќе изгледа нашето работно опкружување и како и од каде ќе ги извршуваме деловните задачи. Овој тренд на теле-работа може да биде важен и за Србија и за регионот, бидејќи може да влијае на насоката и интензитетот на економската миграција“, сметаат од УНДП.

BelgradeGets.digital го претставува Белград како несовршен, но автентичен европски град кој е секогаш подготвен да се промени. Град кој може да привлече дигитални професионалци со својата искреност, отвореност и космополитски дух. Дополнителен адут е исклучително живата дигитална и стартап сцена, која привлекува се повеќе и повеќе меѓународно внимание во последните неколку години.

Културниот центар ГРАД исто така бил  вклучен во развојот на проектот, додека агенцијата ДИРЕКТ МЕДИА Обединети решенија, како член на Иницијативата за дигитална Србија, придонесе за развој на динамичен визуелен идентитет што го придружува брендот BelgradeGets.digital.

Leave a Comment

You must be logged in to post a comment.