Дебитантскиот филм на Дина Дума – „Сестри“ е првиот македонски филм кој ќе може да се види на глобалната платформа Нетфликс.

Светската премиера на филмот се случи во август на Филмскиот фестивал во Карлови Вари, каде освои Специјална награда на жирито во програмата Источно од Западот.

„Сестри“,кој беше и македонскиот кандидат за Оскар, скопската публика веќе може да го гледа во градското кино „Милениум“. Тоа е приказна за две тинејџерки чие пријателство е ставено на тест, кога се соочени со последиците од нивното декадентно однесување.

Македонската фестивалска премиера се случи на фестивалот за филмска камера „Браќа Манаки“ во Битола, а истиот е сниман во 2019, на урбани локации низ Скопје. Филмот не се препорачува за лица под 16 години.

Доволно причини за разговор со оваа талентирана македонска режисерка.

Интервјуто премиерно се емитуваше во утринската програма „Раноден“ на Анторис радио…

Со нетрпение чекавме да го споделиме филмот со јавноста, посебно во Македонија. Како што знаете, премиерата беше во Карлови Вари, а заради корона-вирусот и мерките, моравме да почекаме, пред да го види публиката во Битола и во Скопје.

Филмот до сега беше прикажан на 15 реномирани фестивали, од кои фестивалите во Талин и во Каиро се фестивали од А категорија. И, секако Карлови Вари, каде што беше неговата премиера.

„Сестри“ до сега освоија две награди, во Карлови Вари и во Германија, на Екс Граунд Филм Фестивал, каде беше награден од млада публика, која е и нашата целна група, што ни е многу важно – кажа Дума за Анторис радио.

Во петок, во целиот свет на Нетфликс се случува неговата глобална премиера. Како дојде до соработката со нив?

  • Филмот го застапуваат странски агенти, кои го претставија филмот на Нетфликс, од каде не прифатија…

Кога ќе биде македонска ТВ премиера?

  • За тоа ќе треба да почекаме, бидејќи сега веќе Нетфликс ги има правата за тоа. Можеби некои две години… Но, до тогаш, во филмот ќе може да уживаат љубителите на кината.

Која порака сакаше Дина Дума да ја каже преку филмот „Сестри“?

  • Тоа е повеќе внимание, да се чујат проблемите со кои се соочуваат тинејџерите. Конкретно булингот. Како македонски, така и глобален проблем.

    Колку време и каде се се снимаа „Сестри“?

  • Филмот е снимен пред короната, пред крај во 2019-та. Во Скопје и во Охрид. Се снимаше шест недели, додека пост-продукција траеше подолго, заради ковидот.

Какви се плановите за во иднина?

  • Веќе пристигнуваат поканите за фестивалите во 2022-ра. Да не истрчувам пред време, јавноста ќе биде известена навреме. А, тука е и Нетфликс…

Кога го спомна Нетфликс и странски агенти, колку е важно да имаме луѓе кои можат да помогнат, и ја ценат работата на млади луѓе? Мора ли тие да се од надвор?

  • Младите во Македонија го немаат и не го добиваат својот простор, но исто така некои се многу пасивни. Не се борат за него. Во иднина очекувам тие да бидат подржани, особено во сфера на културата.

Да не заборавиме да го спомнеме и актерскиот тим…

  • Никој од актерите немаше актерско искуство. Во главните улоги во „Сестри“ се Антонија Белазелкоска и Миа Жиро.

***

Филмот „Сестри“ е во продукција на „Лист продукција“, продуцентка е Марија Димитрова, сценариото е на Дина Дума и Мартин Иванов, кинематографер е Наум Доксевски, монтажер Мартин Иванов, сценографијата на Кирил Спасевски и Симо Бранов, костимите на Роза Трајческа-Ристовска, шминката е на Жанета Димитриевска, а музиката е на Игор Василев – Новоградска.

Марко Шипка
Иван Беќковиќ

 

 

Leave a Comment

You must be logged in to post a comment.