„Џонсон Мети“ традиционален партнер на европскиот БЕСТ инженерски натпревар. Проект, преку којшто „Џонсон Мети“ и БЕСТ (Бордот на Европски Студенти по Технологија – БЕСТ Скопје) инвестираат во иднината на вработувањето. Инаку компанијата годинава третпат е партнер наовој европски БЕСТ инженерски студентски натпревар во категоријата „Тимски дизајн“.

Фокусот на партнерството лежи во изнаоѓање инвентивно инженерско решение за реален проблем, при што се ангажираат студенти и нивно соочување со практични предизвици. Целта е да им се даде можност на идните вработени да го продлабочуваат своето секојдневно знаење и да создаваат врски со компаниите во рана фаза.

Инженерите во „Џонсон Мети“ претставија предизвик што треба да го надминат тимовите кои се натпреваруваат во категоријата Тимски дизајн. Задачата беше да се реши практичен проблем со дизајнирање, креирање и презентирање на прототипско решение во ограничена временска рамка и со ограничени ресурси.

Тимот Cyber Cloud- најдобро решение

Оваа година, најдобро решение за проблемот поставен од инженерите во компанијата Џонсон Мети најде тимот Cyber Cloud.

„На наше огромно задоволство, на нашиот понуден проблем најдобро решение понуди тимот Cyber Cloud. Тим составен од четири девојки, идни жени инженери и се надеваме дека еден ден ќе станат и наши колешки. Тие многу вешто пристапија кон решавање на овој проблем. Со приоритет, пред се, им беше безбедноста и здравјето на вработените и на работната средина.

Ние сме целосно посветени на студентите и затоа, трета година по ред, сме партнер – компанија на БЕСТ инженерскиот натпревар. Продолжуваме да вложуваме во новите генерации и во нивните знаења и вештини!“, велат од Џонсон Мети.

Решавање практичен проблем

Студентите учествуваа во решавање практичен проблем со дизајнирање, креирање и презентирање на прототип решение во ограничено време и со ограничени материјали.

Прашањеата на овој студентски БЕСТ инженерски натпревар, преку кој директно се поврзува со студентите ги формира и поставува „Џонсон Мети“.

„Џонсон Мети“ учествува со свои инженери во жири комисијата која го бира победничкиот тим. Од друга страна, студентите добиваат шанса да ги покажат своите инженерски вештини во разни области при решавање на проблемот.

Дополнително оваа година, партнер компаниите имаа можност преку своите избрани претставници – експерти во одредена инженерска област, да зборуваат за одредена актуелна тема од светот на инженерството пред студентите.

БЕСТ Скопје

„Toa што БЕСТ Скопје го цени најмногу при организација на EBEC е поддршката од нашите локални партнер компании. Ова е еден од многуте начини да ги приближиме нашите студенти – врсници со компаниите, без разлика дали сакаат да се натпреваруваат или да бидат дел од организацијата на настан од овој размер.

Како и сé друго во БЕСТ, EBEC е организиран од студенти за студенти. Овој натпревар е од огромна важност за локалната БЕСТ група во Скопје. Бидејќи претставува соработка со локални групи низ цела Европа.

Победниците од секоја категорија продолжуваат на регионално ниво, каде имаат шанса да се натпреваруваат за место во европската рунда“, вели Петар Танески од БЕСТ.

БЕСТ Скопје е организатор на локалната рунда на (EBEC – European BEST Engineering Competition) по 12-ти пат. Победниците продолжуваат на регионално ниво, преку кое може да се пласираат во финалната рунда на EBEC Европа.

Според Танески, натпреварувачите имаат можност да се запознаат со студенти од техничките факултети низ цела Европа и истовремено да се натпреваруваат со нив, решавајќи нови проблеми зададени од реномирани партнер компании познати на глобалниот пазар.

„Џонсон Мети“

Британската компанија „Џонсон Мети” е светски лидер во производство на катализатори за автомобилска индустрија и катализаторски системи за контрола на загадувањето.„Џонсон Мети” има операции во преку 30 земји во светот и вработува околу 12,000 луѓе. Една третина од сите нови возила во светот имаат вградено катализатори од „Џонсон Мети”.

„Џонсон Мети” ја избра Македонија како дестинација за својата Eвропска мега-фабрика за автокатализатори во конкуренција на 13 земји. Фабриката на „Џонсон Мети” во Технолошко-индустриската развојна зона Скопје 1 е најголемиот инвестициски проект.  Воедно и најсофистицираната и најнапредна фабрика на „Џонсон Мети” во светот и важи за најголем извезувач од Македонија.

 

Leave a Comment

You must be logged in to post a comment.