ПРЕБАРАЈ ФИРМА
Filters
Пребарување
ЕЛЕКТРОДИСТРИБУЦИЈА ДООЕЛ Скопје
ЕЛЕКТРОДИСТРИБУЦИЈА ДООЕЛ Скопје

За нас

Електродистрибуција ДООЕЛ е компанија чија главна дејност е дистрибуција на електрична енергија во Република Македонија. Компанијата е дел од EVN групацијата.
Најважна цел за Електродистрибуција е сигурно и квалитетно снабдување на корисниците со електрична енергија.
Од влезот на групацијата EVN во Македонија, во април 2006 година до 2016 година инвестирани се повеќе од 300 милиони евра, изградени се 5 нови високонапонски и 1 050 дистрибутивни трафостаници на среден напон. Изградена е нова мрежа во должина од 160 километри на висок напон, 3800 километри на среден и 1 700 километри на низок напон. 850 000 стари броила се заменети со но нови и автоматизирани. Со овие инвестиции значително се намалија техничките загуби во системот и со тоа се подобри неговата енергетска ефикасност.

Во интерес на сигурното снабдување со електрична енергија на целата територија на државата распространети се дежурни екипи за отстранување на дефекти, кои дејствуваат брзо и ефективно. Инвестициите и мерките за подобра организација на компанијата дадоа свој резултат и придонесоа кон посигурно снабдување, намалување на загубите и зголемено ниво на задоволство кај корисниците.

Запознај го работодавачот

ЕЛЕКТРОДИСТРИБУЦИЈА вработува професионалци од различни области. Нашите вработени се луѓе кои се секогаш подготвени со својот труд, знаење и искуство да излезат во пресрет на барањата на корисниците. За возврат ние им обезбедуваме можности за обука, личен развој и напредок во кариерата, во пријатна атмосфера со изразен тимски дух.

При вработување, нудиме еднакви можности и правичен третман на сите лица без оглед на нивниот пол, религија, национална припадност, раса, вид на попреченост или политичка припадност.
Непосредно соработуваме со образовните институции во земјата и воведуваме проекти за идентификување и развивање на талентирани кадри од електроенергетската струка.

Нашата посветеност кон развојот на нашите вработени, нивната безбедност и здравје и обезбедување на еднакви можности за сите ја прават ЕЛЕКТРОДИСТРИБУЦИЈА еден од најатрактивните работодавачи во земјата.


Контакт

ЕЛЕКТРОДИСТРИБУЦИЈА ДООЕЛ Скопје
Ул. Лазар Личеноски бр.11, Скопје
Град: Скопје
Вработени:
Даночен број: MK4080016560608
Матичен број:
Телефон: 02 3205 300
Мобилен:
Емаил: info@evn.mk
Веб адреса:
https://www.elektrodistribucija.mk/Home.aspx
*Корисникот што не контактира е согласен со правните информации.

Социјални профили на ЕЛЕКТРОДИСТРИБУЦИЈА ДООЕЛ Скопје