ПРЕБАРАЈ ФИРМА
Filters
Пребарување
ЕВРОПА-Скопје
ЕВРОПА-Скопје

За нас

Веројатно е доволно да се каже дека успешно функционира на пазарот од 1882 година, за да знаете дека станува збор за „Европа“.

„Европа“ е компанија која остава свој белег на голем број генерации и тоа признание гордо го носи повеќе од 135 години, што ја прави една од најстарите компании во кондиторската индустрија на Балканот. Така, пренесувајќи го искуството и зголемувајќи го квалитетот низ повеќе генерации, таа станува она што е денес – стабилна индустриска компанија со производство од околу 5.000 тони годишно и продажба на странскиот и на домашниот пазар.

„Европа“ своите почетоци ги прави како занаетчиска работилница за производство на бонбони, локум и слични производи од шеќер. За разлика оттогаш, денес таа е модернизирана фабрика за чоколади, вафли и бонбони која може да се пофали со своите достигнувања, a за непогрешливиот квалитет на производите доволно говорат сертификатите за исполнување на потребните стандарди

Запознај го работодавачот


Интегритет – Постапувајќи со чест, искреност и транспарентност, во нашата работа се водиме од највисоките стандарди на етичкото деловно однесување.

Професионализам – Квалитетот е на прво место во секој аспект на нашето работење. Тоа значи дека секогаш сме иновативни во нашата понуда, постојано инвестираме во модернизацијата за да бидеме во чекор со најновите трендови на пазарот.

Тимска работа – Ја нагласуваме вредноста на тимската работа, охрабрувајќи ги нашите вработени за подобрување на соработката, на меѓусебното разбирање и заедничкото работење во прилог на остварување на заедничките цели. Ние веруваме дека тимската работа е она што ги претвора добрите компании во одлични.

Упорност – Ги надминуваме предизвиците повеќе од 135 години, сплотени заедно како семејство да чекориме гордо и со доверба.

Посветеност – Секоја креација на нашите талентирани и посветени вработени е создадена со љубов и совршенство во секој чекор од работниот процес.


Контакт

ЕВРОПА-Скопје
Град: Скопје
Вработени:
Даночен број: 4030954262848
Матичен број:
Телефон: 02 3 114 066
Мобилен:
Емаил: evropa@evropa.com.mk
Веб адреса: https://evropa.com.mk/mk
*Корисникот што не контактира е согласен со правните информации.

Социјални профили на ЕВРОПА-Скопје