ПРЕБАРАЈ ФИРМА
Filters
Пребарување
Фабрика Карпош
Фабрика Карпош

За нас

Фабриката „Карпош” е производител на елементи за урбана опрема почнувајќи од бетонски декоративни плочи со различни димензии за уредување партери, тротоари, паркинзи, па сè до сложени монтажни конструктивни елементи за изведба на различни видови објекти. Освен тоа, фабриката „Карпош” е специјализирана за проектирање и за производство на монтажни конструктивни елементи за изградба на крупнопанелни згради, семејни куќи, индустриски објекти, армиранобетонски мостови, ПТТ-столбови, далноводи и трафостаници, вибропресувани цевки и шахти, центрифугирани шипови, железнички прагови од преднапрегнат бетон, бетонска галантерија, како и изработка на бетонски и армиранобетонски елементи по порачка.

Запознај го работодавачот

Денес, фабриката „Карпош” е организација која може да им понуди на инвеститорите проекти, монтажни конструктивни елементи, техничка подготовка и изведба која подразбира висока технологија, квалитет и прифатлива цена. Фабриката „Карпош” има добиено сертификат за квалитет ИСО 9001 со кој се потврдува коректноста во водењето на работата. Особено таа е организација каде што се изнаоѓаат одредени решенија за соодветни градежни проблеми за да се реализираат специфичните барања на секој клиент.


Контакт

Фабрика Карпош
ул. Ацо Шопов бр.76
Град: Скопје
Вработени:
Даночен број: MK4030948263700
Матичен број:
Телефон: +389 2 2032 082
Мобилен:
Веб адреса: http://mk.fabrikakarpos.com.mk/
*Корисникот што не контактира е согласен со правните информации.

Социјални профили на Фабрика Карпош