ПРЕБАРАЈ ФИРМА
Filters
Пребарување
ФРУКТАЛ Мак А.Д. Скопје
ФРУКТАЛ Мак А.Д. Скопје

За нас

Фруктал е иновативна компанија со препознатлив имиџ, што е во согласност со мисија на компанијата и нејзините брендови. Основни вредности на Фруцтал се квалитетот и позитивниот однос кон природата.

Основна дејност на компанијата Фруктал Мак а.д. Скопје е производство на високо квалитетни овошни сокови, нектари и пијалаци изработени без конзерванси притоа користејќи го најдоброто и најсочното овошје кое зрее во земјата на сонцето - Македонија, споено со знаењето и технологијата на стручњаците на Фруцтал.

Фабриката Фруктал Мак а.д. Скопје е лоцирана на патот кон Зелениково на 15 км од Скопје, во еколошки чиста околина. Се простира на површина од 192.000 м2 од кои голем дел се овоштарници насадени со праски, кајсии и јаболки. Денес фабриката брои 60 вработени.

Запознај го работодавачот

Фруктал во соработка со природата веќе со години произведува и успешно продава високо квалитетни производи од овошје и други плодови на природата.

Конкурентната предност на компанијата лежи во преработката на плодови од природата со што се овозможува производите да го сочуваат вкупното богатство на природните состојки без вештачки додатоци (конзерванси).

Фруктал со своите производи ги задоволува потребите на потрошувачите за здрава, урамнотежена исхрана и непрекинато ги осовременува нивните прехрамбени навики.

Фруктал Мак е производител на лиценцирани сокови и “скрбник” на брендот Фруктал за Југо-источен Балкан со намера да ги задоволи интересите на сопствениците, вработените, купувачите, локалната заедница и општеството во целина.

Сите главни активности на Фруктал кон целната јавност се насочени во градење на позитивен однос кон природата.

“ФРУКТАЛ - ВО СОРАБОТКА СО ПРИРОДАТА”


Контакт

ФРУКТАЛ Мак А.Д. Скопје
с. Моране 1000 Скопје
Град: Скопје
Вработени:
Даночен број: MK4030994229312
Матичен број: 4808240
Телефон: +389 2 2785 260
Мобилен:
Веб адреса: http://fructal.com.mk/
*Корисникот што не контактира е согласен со правните информации.

Социјални профили на ФРУКТАЛ Мак А.Д. Скопје