ПРЕБАРАЈ ФИРМА
Filters
Пребарување
ГА-МА - Скопје
ГА-МА - Скопје

За нас

Во 90-тите години се формирани тимови кои ќе учестувуваат во припрема и реализација на проектот „ГА-МА-800“. По решавање на имотно-правните односи по трасата на проектираниот гасовод и комплетирање на документацијата за градба, на 20.01.1993 год. е отпочнато со градба на првата фаза на магистралниот гасовод и градските гасоводни мрежи. Во периодот од 1993 до 1995 се изградени градските гасоводни мрежи во Скопје (отпочнато 1993год.), Куманово (1994 год.), Кратово (1995 год.) и Крива Паланка (1995 год.) и мерно-регулациони станици за корисниците од првата фаза. Градбата на оваа фаза завршува во 1997 год.
Заполнувањето на изградениот гасоводен систем е започнато на 03.09.1997 год. во месноста Жидилово. На 29.01.1998 год. е извршено првото мерењето на испорачаните количини на природен гас преку Главната Мерна Станица - Жидилово и со тоа е отпочната потрошувачка на природниот гас во Република Северна Македонија.
Годините што следат се исклучително активни. Дирекцијата за природен гас при „Макпетрол“ А.Д. изврши проширување на градските мрежи во Скопје и Куманово со приклучување на нови корисници, редовно одржување на гасоводниот систем и неговите пратечки објекти. Во интерес на квалитетното давање на услугите, како и развојот на гасификацијата во нашата држава, постигнат е договор меѓу „Макпетрол“ А.Д. и Владата на Република Северна Македонија, и во јули 2006 година со Одлука на Владата е формирано Акционерско Друштво „ГА-МА“ за пренос на природен гас и управување со системот за пренос на природен гас.
Нашата компанија треба да обезбеди оперативно управување со системот за пренос на природен гас и пристап на трети лица кон системот на транспарентна и недискриминаторска основа, согласно националното законодавство хармонизирано со европските директиви. За својата работа „ГА-МА“ АД - Скопје поседува Лиценца за вршење енергетска дејност - управување со системот за пренос на природен гас и Лиценца за вршење енергетска дејност - за пренос на природен гас, издадени од Регулаторната Комисија за Енергетика на Република Северна Македонија.

 


Контакт

ГА-МА - Скопје
бул. „Св. Климент Охридски“ 54 Скопје
Град: Скопје
Вработени:
Даночен број: MK4030996240542
Матичен број:
Телефон: ++ 389 2 3118 555
++ 389 2 3117 110
Мобилен:
Емаил: info@gama.com.mk
Веб адреса: http://www.gama.com.mk/Default.aspx?id=83d90332-287b-4b2f-9d93-5a3b1f9b5a35
*Корисникот што не контактира е согласен со правните информации.

Социјални профили на ГА-МА - Скопје