ПРЕБАРАЈ ФИРМА
Filters
Пребарување
ГРАН ЕКСПОРТ
ГРАН ЕКСПОРТ

За нас

Гранекспорт е компанија основана 1991 год како резултат на ентузијазмот и заедничката визија на двајца содружници. Започнувајки како мало претпријатие во областа на трговијата на големо со црни и обоени метали и огноотпорен материјал воспоставува соработка со повеќе производители на апарати за домаќинство и грејни тела меѓу кои издвојувајки и концентрирајќи го најголемиот дел од својот потенцијал во реномираниот производител од металната индустрија АЛФА-ПЛАМ Врање.

Следејќи го трендот на развој на Алфа Плам, како еден од трите најголеми производители на грејни тела во Европа, Гранекспорт паралелно повеќе од две децении се етаблираше на македонскиот пазар како еминентна фирма во овој домен, застапуваќи го Алфа Плам како овластен дилер и сервис за Македонија. Дилерството и увозништвото во овој сегмент го комплетираше преку соработката со комплементарните производители, за пелети: Биоенерџи ПоинтЕко Степ и Краун Форест од Србија, за правосмукалки и чистачи за пепел Рибитек Италија, за бојлери Бандини Италија, за иноксни оџаци и ќумци Спиродукт Грција како и сопствен развоен производ, алатка за пренос на товар ГранЕлеватор.

Почитувајќи ги поставените партнерски постулати со почетната визија, веќе втора генерација ја продолжува експанзијата чекор по чекор на модерно пазарно ориентирано претпријатие, никогаш не заборавајќи ја социјалната и фамилијарната компонента во стопанисувањето.

Години наназад, освен во големо продажбата, мало продажбата, сервисот и монтажата, дистрибуцијата за сопствени потреби во домашен и меѓународен промет, малопроизводство, компанијата преку основаните подружници своето портфолио го прошири и во доменот на издавање на недвижности, како и оперирање со свој угостителски објект со мултифункционална намена.

Запознај го работодавачот

Сигурност и доверба

ДА ЈА ЗАШТИТИМЕ ПРИРОДАТА СО КОРИСТЕЊЕ НА ОБНОВЛИВИ ИЗВОРИ НА ЕНЕРГИЈА!

Зошто биомасата е обновлив извор на енергија?

Биомасата е еден од обновливите извори на енергија затоа што се произведува од живи организми. Главната предност на биомасата како обновлив извор на енергија е во тоа што може да се произведува на било кое место на планетата. Одржливоста на биомасата како извор на енергија се постигнува со адекватно управување на ресурсот.

Дрво – се користи како извор на енергија за греење и приготвување храна од почетокот на човековото постоење. Дрвото се смета за неутрален носач на енергија затоа што при негова експлатација ослободува минимално количевство на CO2 – еднакво на она што се апсорбира во процесот на фотосинтеза.

Пелети – се гориво призведено од дрвна маса без додаток на хемикалии и се апсолутно безбедни за човековото здравје и околина. Пелетите имаат многу висока калориска моќ – до 5,4 Kwh/kg. Основните предности на пелетите се:

  • Висока енергетска искористеност
  • Едноставни за складирање, транспорт и употреба
  • При согорување оставаат минимална количина пепел

Контакт

ГРАН ЕКСПОРТ
ул. 50-та Дивизија 24-a, Скопје
Град: Skopje
Вработени:
Даночен број: MK4030991101080
Матичен број:
Телефон: 00 389 02 3176 184
Мобилен:
Веб адреса: http://gran.mk
*Корисникот што не контактира е согласен со правните информации.

Социјални профили на ГРАН ЕКСПОРТ