ПРЕБАРАЈ ФИРМА
Filters
Пребарување
ХАУЗ МАЈСТОР ПЛУС ДООЕЛ Скопје
ХАУЗ МАЈСТОР ПЛУС ДООЕЛ Скопје
Слика за продавачот ХАУЗ МАЈСТОР ПЛУС ДООЕЛ Скопје
Адреса: МИТРОПОЛИТ ТЕОДОСИЈ ГОЛОГ 15 Скопје
Град: Скопје
Вработени:
Даночен број: MK4057009502714
Матичен број:
Телефон: 389 (0)2 3120 222
Емаил: info@hauzmajstor.com
Веб адреса: https://hauzmajstorplus.com.mk/
Следи
АКТИВНИ ОГЛАСИ
За нас

Компанијата Хауз Мајстор Плус е основана во 2009 година, како компанија од секторот услуги, со три основни дејности во работењето:

- професионални услуги за одржување на хигиена во станбен и деловен простор,
- управување со станбен и деловен простор (согласно Законот за домување) и
- професионални хаусмајсторски услуги (техничко одржување) во станбени и деловни објекти.

Во дејноста професионални услуги за одржување на хигиена во станбен и деловен простор, Хауз Мајстор Плус на своите клиенти им нуди постојани професионални услуги за хигиена во деловниот или станбениот простор, реализирани од страна на редовно вработени и професионално обучени хигиеничари, со целосна набавка на квалитетни средства и опрема за одржување на хигиената во просториите на клиентите. 

     Во дејноста управување со станбен и деловен простор (согласно Законот за домување) Хауз Мајстор Плус како компанија која е лиценцирана за работа со станбени и деловни објекти (лиценца бр. 0801-52/3) од 2012 година, компанијата преку целосно одржување на хигиената во станбените згради, хаусмајсторски поправки, инвестициони проекти и техничко-административни услуги поврзани со управувањето и функционирањето на станбените згради, успешно управува со повеќе од 250 станбени згради во градот Скопје, преку кои има развиено соработка со повеќе од 6000 сопственици на станбен простор.

  Во дејноста професионални хаусмајсторскиуслуги (техничкоодржување) востанбени и деловниобјектиХауз Мајстор Плус нуди комплетни хаусмајсторски услуги за поправки и итни интервенции кои ги извршуваат тимови на квалитетно обучени и опремени хаусмајстори, кои својата дејност врз основа на примено барање за интервенција ја извршуваат на територијата на градот Скопје а согласно барањата на клиентите и на територијата на целата држава. Овие услуги се достапни за физички лица за потреби за куќни поправки и за компании и правни лица за поправки и интервенции во деловен простор.