Во издание на белградски „Архипелаг“ неодамна беше објавена новата книга на Михајо Пантиќ – „Приказни за писателите“. Книгата содржи триесет и девет раскази за писатели кои Михајло Пантиќ ги читал, познавал или учествувал во книжевниот и јавниот живот. Станува збор за необичната историја на современата литература и литературниот живот, претставена во приказни кои сугестивно сведочат за литературата и животот.

Како што открива издавачот, приказните се за писатели и околностите на нивниот живот, книги и искуства, сомнежи и надежи, подеми, падови и разочарувања.

Херои на новото дело на Пантиќ се Иво Андриќ и Мирослав Крлежа, Станислав Винавер и Бранко Ќопиќ, Данило Николиќ и Александар Тишма, Драгослав Михаиловиќ и Борислав Пекиќ, Живојин Павловиќ, Душко Трифуновиќ и Душан Ковачевиќ, Добрило Ненадиќ и Јовица Ацин, Радован Бели Марковиќ и Миодраг Перишиќ, Давид Албахари и Раша Ливада, Воислав Деспотов и Светислав Басара многу други современи писатели. Меѓу хероите на книгата се и Исак Башевис Сингер и Хорхе Луис Борхес.

Leave a Comment

You must be logged in to post a comment.