ПРЕБАРАЈ ФИРМА
Filters
Пребарување
ИНБОХ ДООЕЛ Скопје
ИНБОХ ДООЕЛ Скопје

Сила на брендот

За нас

Инбох – Архивски Дата Центар е основан во 2011 година како иновативен модел за архивирање и управување со документи (физички и електронски документи). Основан на американска ИТ платформа, оперативниот модел на Инбох овозможува совршена организација на документите низ целиот нивен животен тек започнувајќи од моментот кога се создадени, со што на своите корисници им овозможува брз и постојан пристап, непречена употреба и најважното – сигурни и безбедни работни процеси во нивната организација.

Во само првите три години од своето постоење, Инбох го разви својот корпоративен идентитет и постигна брендот да биде препознатлив како високо професионален, постојан и доверлив партнер на најголемите организации во Македонија во делот на архивирање и управување со документи.

“Нашиот корпоративен идентитет е изграден на верувањето дека корпоративниот успех доаѓа од моќта на компанијата која е високо компетентна и мотивирана своето знаење и најдобрата технологија да ги искористи исклучиво за да им овозмозможи компетитивна вредност на нашите ценети клиенти.

Ние сме посветени да градиме и одржуваме силен Бренд кој ќе обезбеди максимална ефикасност и безбедност во архивиското работење

И сето тоа базирано на врвна технолошка платформа која го минимизира човечкиот труд во управувањето и побарувањето на информациите, притоа го гарантира интегритетот на податоците и ги намалува можностите за грешка и злоупотреба со овозможување целосна контрола.„

Денес Инбох своите професионални услуги за архивирање и менџирање на документи ги овозможува: на повеќе од 250 локални и интернационални клиенти, од три различни локации, со целосен административен простор од 2.000 м2,40.000м3 простор за физичко архивирање на документација и архивски материјал и дата центар од повеќе од 25 ТБ простор.

Запознај го работодавачот

Нашата филозофија го следи фундаменталниот концепт на архивирањето и менаџирањето на документите – а тоа е идејата дека секој запис (документ) има животен циклус. (Секој официјален деловен документ мора да помине низ сите фази на “животниот циклус„). Почнувајќи од овој концепт ние разликуваме “АКТИВНА„ и “ПАСИВНА „ фаза на документот.

Во Активната фаза од животниот циклус на документот, критичен фактор е достапноста на информациите кои се многу често потребни од различни корисници. Во оваа фаза, создаваме вредност со тоа што најпотребните документи ги правиме лесно достапни преку ECM платформа (Enterprise content management platform – платформа за менаџирање на целосната документација на организацијата). Ние ги конвертираме деловните записи во дигитални документи во електронски архивски формат (PDF/A) и овозможуваме достапност на податоците 24/7.

Клиентите можат да пристапат до својата документација од било која локација, од својот смарт телефон, таблет, лап топ, при што пристапот им е овозможен во секое време кога им е потребна документацијата. ECM платформата ви обезбедува ефикасност во секојдневното користење на документите и ви овозможува целосна контрола на сите акции од сите корисници низ цела организација.


Контакт

ИНБОХ ДООЕЛ Скопје
ИЛИНДЕН ул. 32 бр.9
Град: Скопје
Вработени:
Даночен број: MK4057010510682
Матичен број: 6661955
Телефон: +389 2 2580 100
Мобилен: +389 78 494 401
Веб адреса: https://inbox.com.mk/
*Корисникот што не контактира е согласен со правните информации.

Социјални профили на ИНБОХ ДООЕЛ Скопје